RK-1000M-PREMIUM е најкомплетната автоматска четкарка во својата класа, создадена за производители кои бараат максимален капацитет, прецизност и повторлив квалитет. За разлика од PRO-моделот со три зони, PREMIUM располага со четири независни работни зони, кои овозможуваат уште поквалитетно и подетално брусење во едно поминување.
RADEK е синоним за квалитет, прецизност и долгорочна сигурност во индустријата. Секоја машина е произведена во согласност со највисоките индустриски стандарди, користејќи само докажани и висококвалитетни компоненти. Со посветеност на секој технички детал - од дизајн до конечно тестирање - гарантираме долг работен век и беспрекорно функционирање на машините. Досега, RADEK успешно инсталираше повеќе од 4.500 машини во Македонија и низ целиот балкански регион, поставувајќи нови стандарди за ефикасност, поддршка и доверба.