Во RADEK не нудиме само работа – нудиме кариера, развој и средина каде секој вработен се чувствува како важен дел од тимот. Ние сме водечка компанија за продажба на машини за обработка на дрво и метал, со два изложбени салони и магацини во Скопје и Белград, и постојано го шириме нашето присуство низ целиот Балкан и регионот.
Кај нас ќе работиш во професионална, но пријателска атмосфера, со огромни можности за развој и напредување. Тимот го градиме како семејство – секој вработен има поддршка, можности за напредок и простор да ги покаже своите идеи и способности. Веруваме дека успешен тим значи успешен бизнис.
Со секоја нова земја што ја освојуваме на пазарот, го прошируваме тимот и инвестираме во обука, современи услови и најсовремена технологија. Постојано сме во потрага по амбициозни луѓе кои сакаат развој и стабилна кариера.
ВРЕДНОСТИ НА КОМПАНИЈАТА
► Тимска работа – Тимот е нашата сила.
► Постојан развој – Секој вработен има можност да учи и напредува.
► Иновативност – Ги вреднуваме идеите и предлозите од сите вработени.
► Проширување на пазарот – Работиме регионално и гледаме глобално.
ШТО НУДИМЕ?
► Редовни и високо конкурентни примања.
► Можности за напредување без граници.
► Одлична работна атмосфера.
► Поддршка од искусен тим и ментори.
► Можности за професионален развој и напредување.
► Платени обуки и тренинзи.
► Современи работни услови.
Ако сакаш да работиш во фирма која константно расте и се шири, да бидеш дел од тим каде се почитуваат трудот и заложбата и да имаш можност да напредуваш и професионално и лично. Тогаш местото ти е кај нас!
АКТИВНИ ПОЗИЦИИ
МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР / СЕРВИСЕР
|
|
|
МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР / СЕРВИСЕР
► Монтажа, инсталација и пуштање во употреба на индустриски машини и производствени линии
► Обука на корисниците за правилно, безбедно и ефикасно ракување со машините
► Дијагностика и отстранување механички, електрични и софтверски дефекти
► Редовно, превентивно и интервентно сервисирање на машините
► Подесување, калибрација и проверка на точноста и функционалноста на опремата
► Техничка поддршка и советување на клиентите
► Подготовка на сервисни извештаи и евиденција за извршените интервенции
► Комуникација со техничките оддели на производителите при решавање посложени технички проблеми
► Работа на терен кај клиенти во Македонија и регионот
► Континуирано запознавање со нови машини, технологии и производствени процеси
► Работно искуство во монтажа и сервисирање на машини или индустриска опрема
► Диплома за машински инженер – предност, не е услов
► Искуство во работа со рачен и електричен алат
► Флексибилност и насоченост кон решавање проблеми
► Одговорност, дисциплина и посветеност на работата
► Самоиницијативност и желба за професионален развој
► Познавање на CNC софтвер – предност, не е услов
► Возачка дозвола Б категорија
► Одлично познавање на англиски јазик
► Стабилно и сигурно вработување
► Високо конкурентни примања
► Можност за професионален и финансиски напредок
► Континуирана техничка обука и усовршување
► Практична работа со современи индустриски машини
► Работа во професионален и организиран тим
► Поддршка од искусни инженери и сервисери
► Менторство и јасен план за професионален развој
🕒
Работно време: Понеделник–Петок 07:00 – 15:00
👉 Ако си подготвен за нов предизвик и сакаш да станеш дел од тимот на RADEK, испрати го твоето CV на karijera.radek@gmail.com
ПРИДРУЖИ СЕ НА RADEK ТИМОТ
И започни да ја градиш својата кариера во стабилна и современа компанија, каде што се вреднуваат знаењето, посветеноста и тимскиот дух. Твојот следен чекор започнува тука. 👉 vrabotuvame@yahoo.com