Иновативна машинска технологија за прецизно и брзо бушење од шест страни. Главно се користи за бушење и жлебање на плочест материјал. Може да обработува различни системи на споеви за мебел како и бушење на шарки, типли, екцентри, перфорации, канали за лесонит и друго. Машината може автоматски да ги идентификува кодовите за работното парче преку бежично скенирање на баркод етикетата.
RADEK е синоним за квалитет, прецизност и долгорочна сигурност во индустријата. Секоја машина е произведена во согласност со највисоките индустриски стандарди, користејќи само докажани и висококвалитетни компоненти. Со посветеност на секој технички детал - од дизајн до конечно тестирање - гарантираме долг работен век и беспрекорно функционирање на машините. Досега, RADEK успешно инсталираше повеќе од 4.500 машини во Македонија и низ целиот балкански регион, поставувајќи нови стандарди за ефикасност, поддршка и доверба.