Фибер ласерот претставува технологија на најбрз и најсовремен начин на сечење метал без дополнителна обработка. Брзината на сечење е неспоредливо поголема во споредба со другите технологии, што значително ја зголемува ефикасноста и продуктивноста во производството. Покрај сечење на лимови, машината е опремена и со систем за сечење профили (цевки и конструкции), со автоматско центрирање кое овозможува прецизно позиционирање и обработка на различни форми како квадратни, кружни и конструкциски профили. Опремена е со MAX ласерски извор, RAYTOOLS ласерска глава, CYPCUT контролен систем, FUJI серво мотори, индустриски чилер за ладење, систем за вентилација и стабилизатор на напон – комбинација од врвни компоненти за стабилна работа, висока прецизност и конзистентен квалитет. Најдобра конфигурација за најдобри резултати и максимална искористеност во индустриско производство.
RADEK е синоним за квалитет, прецизност и долгорочна сигурност во индустријата. Секоја машина е произведена во согласност со највисоките индустриски стандарди, користејќи само докажани и висококвалитетни компоненти. Со посветеност на секој технички детал - од дизајн до конечно тестирање - гарантираме долг работен век и беспрекорно функционирање на машините. Досега, RADEK успешно инсталираше повеќе од 4.500 машини во Македонија и низ целиот балкански регион, поставувајќи нови стандарди за ефикасност, поддршка и доверба.