social image
ИНДУСТРИСКИ ОТПРАШУВАЧ
RK90110-Pro+



ЦЕНА: 6.780 € + ддв

 
Финансирање преку банка: 158 € + ддв
(20% учество - 36 рати - информативна пресметка)

 

ОПИС

Индустрискиот отпрашувач RK90110-PRO+ од 10500m³/h е моќно решение за индустриски погони со висок интензитет на работа - линии за обработка на дрво, плочест материјал и други материјали каде се генерираат големи количини прашина. Располага со 90 полиестерски филтер-патрони од 3 микрони и зголемена филтрирачка површина од 48.2m², што овозможува поголем проток при исто оптоварување на филтрите. Вентилаторот со мотор од 11kW (15HP) вшмукува преку влез со дијаметар Ø355mm. Собраната прашина се складира во вреќи кои лесно се празнат, а робусната конструкција овозможува едноставно поставување и долг работен век.

RADEK е синоним за квалитет, прецизност и долгорочна сигурност во индустријата. Секоја машина е произведена во согласност со највисоките индустриски стандарди, користејќи само докажани и висококвалитетни компоненти. Со посветеност на секој технички детал - од дизајн до конечно тестирање - гарантираме долг работен век и беспрекорно функционирање на машините. Досега, RADEK успешно инсталираше повеќе од 4.500 машини во Македонија и низ целиот балкански регион, поставувајќи нови стандарди за ефикасност, поддршка и доверба.

Детали

Спецификација

Моќност на моторот (вентилатор)11kW / 15HP
Капацитет10500m³/h
Дијаметар на вшмукувањеØ355mm
Филтрирачка површина48.2m²
Напојување380V
Тип на филтерПолиестер, 3 микрони
Димензии на филтерØ152x1120mm
Број на филтри90 парчиња
Димензии3560x1128.5x2495mm

ВИДЕО

PDF ДОКУМЕНТИ

СЕРВИСЕН ЦЕНТАР

Нашиот сервисен центар ги покрива сите фази – од монтажа, пуштање во работа, техничка поддршка и обука, до редовно одржување и итни интервенции. RADEK тимот го сочинуваат квалификувани инженери и техничари со долгогодишно искуство во индустријата за обработка на дрво и метал. Реагираме брзо, користиме исклучиво оригинални делови и сме на располагање на секој клиент – без разлика дали се работи за помала работилница или голем производствен погон.