Отпрашувачот RK9075-PREMIUM со капацитет од 6500m³/h е наменет за работилници и погони со повеќе машини кои создаваат поголема количина прашина. Обезбедува чиста и безбедна работна средина и при интензивна секојдневна работа. Опремен е со 54 полиестерски филтер-патрони од 3 микрони и вкупна филтрирачка површина од 29m². Моќниот вентилатор од 7.5kW (10HP) овозможува силно вшмукување преку влез со дијаметар Ø300mm. Собраната прашина се складира метални колички кои лесно се празнат, а робусната конструкција овозможува едноставно поставување и долг работен век.
RADEK е синоним за квалитет, прецизност и долгорочна сигурност во индустријата. Секоја машина е произведена во согласност со највисоките индустриски стандарди, користејќи само докажани и висококвалитетни компоненти. Со посветеност на секој технички детал - од дизајн до конечно тестирање - гарантираме долг работен век и беспрекорно функционирање на машините. Досега, RADEK успешно инсталираше повеќе од 4.500 машини во Македонија и низ целиот балкански регион, поставувајќи нови стандарди за ефикасност, поддршка и доверба.