SMART CNC NESTING LINE
RK-NCL-INDUSTRIAL
ЦЕНА: од 130.000 € + ддв
(во зависност од конфигурацијата)

ОПИС

ИНТЕЛИГЕНТНА ПРОИЗВОДСТВЕНА ЛИНИЈА ЗА ЦНЦ КРОЕЊЕ

RADEK CNC nesting линијата е наменета за модерно, брзо и прецизно кроење на плочест материјал во производство на мебел. Ова решение е идеално за компании кои сакаат да го зголемат капацитетот, да го намалат отпадот, да ја подобрат организацијата на производството и да ја намалат зависноста од рачна манипулација со материјалот.

Во зависност од конфигурацијата, бројот на CNC nesting машини, начинот на утовар и организацијата на процесот, линијата може да постигне различни капацитети, со напредна конфигурација има капацитет од 150-200 плочи за 8 часа. Точниот капацитет зависи од бројот на цнц нестинг машини и од димензиите на плочите, типот на материјал, сложеноста на кроењето, бројот на операции и степенот на автоматизација.

Линијата може да се конфигурира во повеќе варијанти — со автоматско етикетирање, роботски утовар, multi-station cantilever систем, cantilever loading систем или напредна конфигурација со повеќе CNC nesting машини и централизирана софтверска контрола.

 
ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ+

Што овозможува CNC nesting линијата

CNC nesting линијата го автоматизира процесот на кроење на плочест материјал и овозможува подобра искористеност на секоја плоча. Со помош на nesting софтвер, елементите се распоредуваат оптимално на плочата, со цел да се намали отпадот и да се добие максимален број готови парчиња од секој материјал.

Пред кроењето, системот може автоматски да лепи етикети со баркод, димензии и информации за секое парче. На овој начин секој елемент е следлив низ целиот процес — од кроење, преку кантирање и бушење, до склопување или пакување.

По етикетирањето, плочата се внесува во CNC nesting машината, каде што автоматски се позиционира, фиксира со вакуум и се обработува според зададената програма. По завршување на кроењето, готовите елементи се префрлаат на излезна маса или транспортен систем, додека следната плоча се подготвува за обработка.

Главни предности

• висока прецизност при кроење;
• подобра искористеност на материјалот;
• помалку човечки грешки;
• автоматско етикетирање на елементите;
• побрза подготовка за кантирање и бушење;
• подобра организација на производството;
• можност за работа со повеќе нарачки;
• можност за поврзување со софтвер за дизајн и производство;
• намалување на рачна манипулација со плочи;
• зголемен дневен капацитет.

Конфигурации на CNC nesting линијата

CNC nesting линијата се проектира според потребниот капацитет, просторот во производството и степенот на автоматизација што му е потребен на клиентот. Основната концепција е линија со повеќе CNC nesting машини, најчесто од 2 машини нагоре, а по потреба системот може да се прошири со 3, 4, 5, 6 или повеќе nesting машини.

Разликата меѓу конфигурациите е во начинот на утовар на материјалот, етикетирањето, транспортот, роботскиот утовар, cantilever системот и нивото на автоматска контрола. Во зависност од производството, линијата може да биде изведена како систем со автоматско етикетирање, роботски утовар на плочи, multi-station cantilever решение, cantilever loading систем или напредна линија со повеќе nesting машини и централизирана софтверска контрола.

Кај конфигурацијата со автоматско етикетирање, плочите се означуваат пред кроење со баркод, димензии и информации за секое парче, со што се овозможува целосна следливост низ понатамошните процеси. Кај роботскиот утовар, робот автоматски ги презема и поставува плочите на работната позиција, со што се намалува рачната манипулација и се добива постабилен процес. Multi-station и cantilever решенијата овозможуваат подобра подготовка на материјалот, побрз проток и помалку чекање меѓу обработките.

За поголеми производства, линијата може да се изведе како напреден систем со повеќе CNC nesting машини, автоматско етикетирање, роботско или cantilever утоварање, транспортни системи и централизирана контрола. На овој начин се добива брз, стабилен и организиран процес на кроење, со можност за понатамошно поврзување со кантирање, бушење, сортирање и пакување.

Софтверска контрола и оптимизација

CNC nesting линијата работи со централен контролен систем и софтверска оптимизација на кроењето. Софтверот го организира распоредот на елементите на плочата, ги подготвува програмите за обработка и овозможува подобра искористеност на материјалот.

Во зависност од конфигурацијата, системот може да поддржува работа со баркодови, листи на делови, различни формати на датотеки и поврзување со постоечки дизајн или производствен софтвер.

Капацитет

Капацитетот зависи од избраната конфигурација, типот на материјал, димензиите на плочите, бројот на операции, nesting оптимизацијата и начинот на организација на производството.

Кај напредни конфигурации со повеќе CNC nesting машини, автоматско етикетирање и оптимизиран проток на материјал, може да се постигне капацитет од 150-200 плочи за 8 часа. За точна пресметка на капацитет потребно е да се анализираат реалните димензии на плочите, типичните елементи, бројот на кроења, времето на утовар/истовар и потребниот степен на автоматизација.

За кого е наменета оваа линија

RADEK CNC nesting линијата е наменета за:
• производители на кујни;
• производители на плакари;
• производители на корпусен мебел;
• фирми што работат мебел по мерка;
• фирми што сакаат да преминат кон автоматизација;
• производства што сакаат подобра искористеност на материјалот;
• компании што сакаат да го намалат бројот на грешки;
• производители што сакаат поголем капацитет и подобра организација.

Индивидуално решение според потребите на клиентот

Секоја CNC nesting линија се конфигурира според реалните потреби на клиентот. При подготовка на понуда се анализираат типот на производство, димензиите на плочите, потребниот капацитет, начинот на утовар и истовар, степенот на автоматизација, постоечкиот софтвер и расположливиот простор во производството.

Во зависност од потребите, линијата може да биде практично решение со две CNC nesting машини и автоматско етикетирање, или напредна производствена линија со повеќе машини, роботски утовар, cantilever системи и целосно организиран проток на материјал.

RADEK поддршка

RADEK обезбедува комплетна поддршка при избор на конфигурација, подготовка на layout, испорака, монтажа, пуштање во работа, обука на оператори и сервисна поддршка.

Нашиот тим ќе ви помогне да изберете решение кое одговара на вашиот производ, капацитет, простор и буџет.

Побарајте понуда

Доколку планирате модернизација на кроењето и премин кон CNC nesting производство, контактирајте го тимот на RADEK. Заедно ќе ја анализираме вашата моментална организација и ќе предложиме практично, скалабилно и економски оправдано решение.


RADEK е синоним за квалитет, прецизност и долгорочна сигурност во индустријата. Секоја машина е произведена во согласност со највисоките индустриски стандарди, користејќи само докажани и висококвалитетни компоненти. Со посветеност на секој технички детал - од дизајн до конечно тестирање - гарантираме долг работен век и беспрекорно функционирање на машините. Досега, RADEK успешно инсталираше повеќе од 4.500 машини во Македонија и низ целиот балкански регион, поставувајќи нови стандарди за ефикасност, поддршка и доверба.

ВИДЕО

СЕРВИСЕН ЦЕНТАР

Нашиот сервисен центар ги покрива сите фази – од монтажа, пуштање во работа, техничка поддршка и обука, до редовно одржување и итни интервенции. RADEK тимот го сочинуваат квалификувани инженери и техничари со долгогодишно искуство во индустријата за обработка на дрво и метал. Реагираме брзо, користиме исклучиво оригинални делови и сме на располагање на секој клиент – без разлика дали се работи за помала работилница или голем производствен погон.