social image
SMART FIBER LASER LINE
RK-153ALL-INDUSTRIAL



ЦЕНА: од 100.000 € + ддв
(во зависност од конфигурацијата)

 
Финансирање преку банка: од 1.400 € + ддв
(20% учество - 60 рати - информативна пресметка)

 

ОПИС

АВТОМАТИЗИРАНА ЛИНИЈА ЗА ФИБЕР ЛАСЕР СО СИСТЕМ ЗА СКЛАДИРАЊЕ, АВТОМАТСКО ПОЛНЕЊЕ И ПРАЗНЕЊЕ

Оваа линија претставува комплетно автоматизирано решение за сечење лимови со фибер ласер, наменето за фабрики кои бараат поголема продуктивност, подобра организација на материјалите и намалување на рачната работа во производството.
Системот комбинира автоматско складирање на лимови, автоматско полнење на ласерот, автоматско празнење на исечениот материјал и кран систем за преземање на готовите парчиња. Со тоа се добива континуиран производствен процес, каде машината работи со минимален застој и со значително помала зависност од оператор.
ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ+

Како функционира линијата

Материјалите се внесуваат во системот со виљушкар и се поставуваат на влезната позиција за складирање. Потоа, преку автоматски лифт, лимовите се распоредуваат на повеќе нивоа во магацинскиот систем.
Кога машината треба да започне со работа, системот автоматски го избира потребниот материјал и го доставува до платформата за полнење на фибер ласерот. Материјалот се внесува во работната зона на ласерот, каде започнува процесот на сечење.
Додека ласерот го сече тековниот лим, системот паралелно подготвува следен материјал. На тој начин се намалува времето на чекање и се обезбедува континуиран производствен циклус.
По завршување на сечењето, исечениот лим автоматски се извлекува од машината. Потоа кран системот ги презема готовите парчиња и ги поставува на посебна платформа, од каде операторите можат лесно да ги земат за понатамошна обработка, сортирање или пакување.

Зошто ваков систем

Ова решение не е само фибер ласер, туку целосна производствена линија која го организира целиот процес околу сечењето. Наместо операторите постојано да носат, местат, вадат и преместуваат лимови, системот автоматски ги извршува најтешките и највременски чувствителните операции.
Резултатот е побрзо производство, подобра безбедност, помалку застои, подобро искористување на материјалите и поголема контрола врз целиот процес.


RADEK е синоним за квалитет, прецизност и долгорочна сигурност во индустријата. Секоја машина е произведена во согласност со највисоките индустриски стандарди, користејќи само докажани и висококвалитетни компоненти. Со посветеност на секој технички детал - од дизајн до конечно тестирање - гарантираме долг работен век и беспрекорно функционирање на машините. Досега, RADEK успешно инсталираше повеќе од 4.500 машини во Македонија и низ целиот балкански регион, поставувајќи нови стандарди за ефикасност, поддршка и доверба.

Детали

ВИДЕО

СЕРВИСЕН ЦЕНТАР

Нашиот сервисен центар ги покрива сите фази – од монтажа, пуштање во работа, техничка поддршка и обука, до редовно одржување и итни интервенции. RADEK тимот го сочинуваат квалификувани инженери и техничари со долгогодишно искуство во индустријата за обработка на дрво и метал. Реагираме брзо, користиме исклучиво оригинални делови и сме на располагање на секој клиент – без разлика дали се работи за помала работилница или голем производствен погон.