social image
АВТОМАТСКА ЧЕТКАРКА
RK-1000M-PRO

ОПИС

Автоматската четкарка е една од најпопуларните машини на пазарот, бидејќи е едноставна за користење, нема човечки фактор и го зголемува вашиот капацитет во брусењето до 10 пати повеќе. Машина која ќе ја врати Вашата инвестиција во рекордно време. Неопходна за обработка на плочест материјал и дрво, која овозможува брусење и на панели со неправилни форми (рустика, канали, декор, 2D, 3D форми и друго). Составена од 3 зони кој се независни и се прилагодуваат по висина, број на вртежи и осцилации. Дали изработувате кујни со фарбан медијапан, собни врати, декоративни елементи, даски од масивно дрво, автоматската четкарка е идеален избор за вас.

RADEK е синоним за квалитет, прецизност и долгорочна сигурност во индустријата. Секоја машина е произведена во согласност со највисоките индустриски стандарди, користејќи само докажани и висококвалитетни компоненти. Со посветеност на секој технички детал - од дизајн до конечно тестирање - гарантираме долг работен век и беспрекорно функционирање на машините. Досега, RADEK успешно инсталираше повеќе од 4.500 машини во Македонија и низ целиот балкански регион, поставувајќи нови стандарди за ефикасност, поддршка и доверба.

Детали

Спецификација

Максимална работна ширина1000mm
Опционална работна површина1300mm
Минимална работна должина400mm
Максимална работна дебелина100mm
Моќност на мотор (хоризонтални четки)2x 1.5kW
Моќност ма мотор (кружни четки)1.5kW
Моќност на мотор (долги ролери)2x 1.5kW
Моќност на мотор (осцилации на хоризонтални четки)0.55kW
Моќност на мотор (осцилации на кружни четки)0.37kW
Моќност за мотор (осцилации на долги четки)0.55kW
Моќност на мотор (транспортер)0.37kW
Моќност на редуктор1.1kW
Вкупна моќност10.44kW
Број на хоризонтални ролери7
Дијаметар на ролер за хоризонтални четки260mm
Број на кружни ролери9 (11 на 1300mm)
Дијаметар на ролер за кружни четки180mm
Број на долги ролери2
Дијаметар на ролер за долги четки300mm
Брзина на обработка6-30m/min
Број на брусни ленти хоризонтални ролери98 вкупно (126 на 1300mm)
Број на брусни ленти кружни ролери135 вкупно (165 на 1300mm)
Број на брусни ленти долги ролери40 вкупно
Димензии на транспортна лента5970x1000mm (5970x1300mm)
Димензии на машината3950x1650x1900mm (3950x1750x1900mm)
Димензии на пакување4000x1750x2000mm (4000x1850x2000mm)
Тежина1650kg (1950kg)

ВИДЕО

PDF ДОКУМЕНТИ

СЕРВИСЕН ЦЕНТАР

Нашиот сервисен центар ги покрива сите фази – од монтажа, пуштање во работа, техничка поддршка и обука, до редовно одржување и итни интервенции. RADEK тимот го сочинуваат квалификувани инженери и техничари со долгогодишно искуство во индустријата за обработка на дрво и метал. Реагираме брзо, користиме исклучиво оригинални делови и сме на располагање на секој клиент – без разлика дали се работи за помала работилница или голем производствен погон.