social image
ЕЛЕКТРИЧЕН ВИЉУШКАР
RK-15EFL-PRO

ОПИС

RADEK електричните виљушкари претставуваат современо, економично и сигурно решение за магацини, производствени погони и логистички центри. Комбинацијата од моќен електричен погон, литиумска батерија со брзо полнење и минимални потреби за одржување овозможува значително пониски работни трошоци во споредба со класичните виљушкари. Достапни со носивост од 1500, 3500 и 5000 kg, како и со различни висини на подигнување и дополнителна хидраулична опрема, тие можат прецизно да се приспособат на потребите на секој корисник. Чистата и тивка работа, едноставното управување и долгорочната сигурност ги прават една од најдобрите инвестиции за современо ракување со товар.

RADEK е синоним за квалитет, прецизност и долгорочна сигурност во индустријата. Секоја машина е произведена во согласност со највисоките индустриски стандарди, користејќи само докажани и висококвалитетни компоненти. Со посветеност на секој технички детал - од дизајн до конечно тестирање - гарантираме долг работен век и беспрекорно функционирање на машините. Досега, RADEK успешно инсталираше повеќе од 4.500 машини во Македонија и низ целиот балкански регион, поставувајќи нови стандарди за ефикасност, поддршка и доверба.

Детали

Спецификација

Номинална носивост1500kg
Тип на погонЕлектричен
Тип на батеријаЛитиумска
Напон / капацитет на батеријата80V / 80Ah
ПолначБрз полнач
Центар на товар500mm
Стандардна висина на подигање3000mm
Опционална висина на подигање6000mm
Стандарден тип на столбДуплекс (2 степени)
Опционален тип на столбТриплекс (3 степени)
Слободно подигањеОпционално
Димензии на вилушките1070×100×32mm
Странично поместувањеОпционално
Хидрауличен позиционер / прилагодување на вилушкитеОпционално
Тип на гумиПолни гуми
Вкупни димензии2300×1200×2150mm
Минимален радиус на вртење2000mm
Брзина на движење, со / без товар10 / 12km/h
Брзина на подигање, со / без товар200 / 240mm/s
Максимален совладлив наклон, со / без товар12 / 15 %
Моќност на погонскиот мотор3kW
Моќност на моторот за подигање3kW
Време на полнење2-3 часа
Работно време со едно полнење7-8 часа
Гаранција на батеријата5 години или 1500 работни часа

ВИДЕО

PDF ДОКУМЕНТИ

СЕРВИСЕН ЦЕНТАР

Нашиот сервисен центар ги покрива сите фази – од монтажа, пуштање во работа, техничка поддршка и обука, до редовно одржување и итни интервенции. RADEK тимот го сочинуваат квалификувани инженери и техничари со долгогодишно искуство во индустријата за обработка на дрво и метал. Реагираме брзо, користиме исклучиво оригинални делови и сме на располагање на секој клиент – без разлика дали се работи за помала работилница или голем производствен погон.