social image
КАНТЕРИЦА
RK-5ALL-SERVO+PUR



ЦЕНА: 39.997 € + ддв


 
Финансирање преку банка до 84 месечни рати
(20% учество • Побарајте понуда)

 

ОПИС

Машина за кантирање од премиум серијата на RADEK, наменета за прецизна обработка, висок капацитет и одличен финиш на секое изработено парче. RK-5ALL-SERVO+PUR е идеален избор за производители кои сакаат да го унапредат производството со брзина на кантирање до 23 метри во минута. Големиот 21,5-инчен дисплеј на допир со прегледен интерфејс овозможува едноставно управување и автоматско подесување на дебелината на панелот. Цврстата конструкција обезбедува стабилност, додека дополнителните притисни тркала го држат панелот стабилен во текот на обработката.
ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ+

Серво-подесувањето овозможува брзо и прецизно позиционирање на работните единици со серво-погон директно преку дисплејот на допир. Операторот ги задава потребните вредности, а серво-моторите автоматски ги поставуваат соодветните единици во избраната позиција. На овој начин се олеснува преминувањето меѓу различни дебелини на панели и кант-траки, се скратува времето за подесување и се намалува можноста за човечка грешка. Прецизното повторување на зададените позиции придонесува за постојан квалитет при обработката на секоја серија.

Главна предност на овој модел се двата одделни уреди за лепење, секој со сопствен канистер — еден за EVA и еден за PUR лепило. Проширениот дел за лепење ги сместува двата система во самата машина, додека надворешниот PUR уред овозможува топење и дозирано снабдување со PUR лепило. Оваа конфигурација овозможува избор на лепило според материјалот и барањата на готовиот производ, со поголема флексибилност при организирање на производството.


RADEK е синоним за квалитет, прецизност и долгорочна сигурност во индустријата. Секоја машина е произведена во согласност со највисоките индустриски стандарди, користејќи само докажани и висококвалитетни компоненти. Со посветеност на секој технички детал - од дизајн до конечно тестирање - гарантираме долг работен век и беспрекорно функционирање на машините. Досега, RADEK успешно инсталираше повеќе од 4.500 машини во Македонија и низ целиот балкански регион, поставувајќи нови стандарди за ефикасност, поддршка и доверба.

Детали

Спецификација

Ширина на панелотминимум 80mm
Дебелина на панелот10-60mm
Дебелина на трака0.4-3mm
Брзина на обработка15-23m/min
Работен притисок6 bar
Моќност на предфрезери2.2kW (x2)
Моќност на крајно сечење0.37kW (x2)
Moќност на груби фрези0.75kW (x2)
Моќност на фини фрези0.75kW (x2)
Моќност на корнер фрези0.37kW (x2)
Моќност на полирки0.37kW (x4)
Moќност на транспортер4kW
Вкупна моќност21.5kW
Димензии на машината8800x1000x1600mm
Димензии на пакување8900х970х1800mm
Тежина2850kg

ВИДЕО

PDF ДОКУМЕНТИ

СЕРВИСЕН ЦЕНТАР

Нашиот сервисен центар ги покрива сите фази – од монтажа, пуштање во работа, техничка поддршка и обука, до редовно одржување и итни интервенции. RADEK тимот го сочинуваат квалификувани инженери и техничари со долгогодишно искуство во индустријата за обработка на дрво и метал. Реагираме брзо, користиме исклучиво оригинални делови и сме на располагање на секој клиент – без разлика дали се работи за помала работилница или голем производствен погон.