social image

◾ Дали имате обезбеден сервис за машините?
Да, имаме најискусен и најдобро организиран сервис во регионот.
◾ Дали имате на лагер резервни делови?
Да, имаме на залиха над 5.000 делови + соработка со други фирми за делови во регионот.
◾ Дали правите обука за машините?
Да, обезбедуваме професионална обука за користење и одржување.
◾ Дали нудите помош при избор на машина?
Да, нашите продажни агенти ќе ви помогнат да го изберете вистинското решение според вашите потреби.
◾ Дали нудите демонстрација на машините?
Да, вршиме презентации и демонстрации во нашите изложбени салони во Скопје и Белград.
◾ Дали можам да ја резервирам машината а да ја платам покасно?
Да, доколку имаме некоја акција на машини, можете да ја резервирате машината (со акциската цена) со уплата на аванс по договор, по одреден период ја доплаќате машината и организираме испорака и монтажа на истата.
◾ Дали можам да ја видам машината кај некој ваш клиент?
Во принцип не, бидејќи имаме демо машини во нашиот салон кои се достапни за презентација. Дополнително, не секој клиент дозволува посета, поради приватност и заштита на неговото производство.
◾ Дали нудите преместување на машина купена од RADEK?
Да, нудиме услуга на професионално демонтирање, преместување и повторна монтажа.
◾ Дали може да се купат и алати или потрошен материјал?
Да, нудиме алати и потрошни материјали за сите типови на машини што ги продаваме.
◾ Дали вршите монтажа и сервис на машини купени од други добавувачи?
Не вршима монтажа и сервис на машини купени од други добавувачи.
◾ Дали машините се испорачуваат со се што е потребно за работа?
Да, машините доаѓаат комплетно опремени и спремни за работа по монтажата.
◾ Колку трае гаранцијата?
12 или 24 месеци, но на одредени модели може да понудиме и продолжена гаранција.
◾ Дали нудите и комплетни решенија-линии за производство?
Да нудиме комплетни решенија за обработка на дрво, плочест материјал и метал.
◾ Каква е поддршката по истекување на гаранцијата?
Истата како и во гарантен рок – нашиот сервис и техничка поддршка ви стојат на располагање.
◾ Кој е животниот век на вашите машини?
Со правилно одржување, машините работат 15+ години со минимални сервиси на компоненти кој се абат.
◾ Дали имате техничка поддршка?
Да, имаме тим за онлајн поддршка достапен за решавање на проблеми и совети онлајн.
◾ Дали машините имаат CE сертификат?
Да, сите машини имаат CE сертификат согласно европските стандарди.
◾ Дали следува упатство за користење?
Да, упатството е секогаш достапно на нашата веб страна. Дополнително имаме и едукативни видеа на нашиот YouTube канал.
◾ Дали правите замена старо за ново?
Да, потребно е да ни испратите фотографии и видео од старата машина за да ја процениме и да ви дадеме понуда.
◾ Дали вршите испорака на машините?
Да, со сопствени комбиња и камиони или транспортни компании со кој соработуваме.
◾ Дали може сам да ја земам машината?
Да, со претходна најава – машината ќе биде спремна за подигање од нашиот магацин.
◾ Од каде се машините?
Машините се произведуваат во Кина, во реномирани фабрики со долгогодишно искуство кои произведуваат под наш бренд и барања по највисоки стандарди.
◾ Дали машините се добро покажани?
Да, машините работат без никаков дефект првите 3-5 години, во наредните години можно е да се појави мал дефект на компоненти кој се абат со користење.
◾ Дали машините се издржливи?
Да, нашите машини работат и во големи реномирани фабрики 24/7.
◾ Каде имате продадено машини?
Имаме инсталирано над 4.000 машини низ Балканот и регионот.
◾ Дали може да платам на рати?
Да, преку банка, лизинг или финансиски партнер.
◾ Дали имате машини на лагер?
Да, имаме голем лагер на машини, но поради голема потрошувачка, некои модели може да не се достапни во моментот.
◾ Колку се чека ако нарачам машина?
Од 2 до 4 месеци, зависно од моделот и времето на нарачка.
◾ Koлку се плаќа аванс за нарачка на машина?
50% се плаќа аванс за да се процесира нарачка.
◾ Дали кинеските машини се добри?
Да, Кина е светски лидер во машинската индустрија – добивате квалитет по европски стандарди.