ЦНЦ нестинг машината RK-2128-PRO претставува оптимизирано и економично решение за сите производители кои сакаат стабилна, прецизна и брза машина по пристапна цена. Дизајнирана е да обезбеди висока продуктивност, прецизно кроење и сигурна работа, со вкупна дневна способност да опслужи голем број панели без застој и без потреба од сложено одржување. Машината ги интегрира сите неопходни функции за професионално кроење, гравирање и бушење, прилагодени за мали, средни и големи производства кои сакаат да работат побрзо, поавтоматизирано и со помал трошок. Машината е опремена со вакуум пумпа, пневматски позиционери, уред за автоматско менување на алат, сензор за калибрирање на алат, магацин за 12 алатки, автоматски систем за подмачкување, уред за автоматско отпрашување на вакуум табла, ролери во задниот дел на машината за полесно поставување на панелот, сет чаури, фрезери и гумици за вакуум табла. Конструкцијата е изработена од масивна челична конструкција со заварена рамка, оптимизирана за стабилност и долг работен век. Телото на машината е обработено на CNC обработувачки центри што овозможува точност и одлична геометрија при големи операции.
RADEK е синоним за квалитет, прецизност и долгорочна сигурност во индустријата. Секоја машина е произведена во согласност со највисоките индустриски стандарди, користејќи само докажани и висококвалитетни компоненти. Со посветеност на секој технички детал - од дизајн до конечно тестирање - гарантираме долг работен век и беспрекорно функционирање на машините. Досега, RADEK успешно инсталираше повеќе од 4.000 машини во Македонија и низ целиот балкански регион, поставувајќи нови стандарди за ефикасност, поддршка и доверба.