social image
ЦНЦ РУТЕР
RK-213-PRO

ОПИС

Подобрете ги Вашите проекти за обработка на дрво и плочест материјал на едно повисоко ниво. ЦНЦ машина за кроење, бушење и гравирање која ќе ги претвори Вашите идеи во реалност. Премиум перформанси, квалитет и стабилност во работата го прават цнц рутерот сигурна и долгорочна инвестиција. Опремен со вакуум табла, вакуум пумпа, сензор за калибрирање на алат, автоматски систем за подмачкување, отпрашувач со две вреќи, флексибилно црево за отпрашување, сет гумици за вакуум табла, сет чаури и фрезери, лиценциран софтвер, ногарки за нивелирање, држач за флексибилно црево, капак за отпрашување, сет мануелни стеги и контролер Richauto.

RADEK е синоним за квалитет, прецизност и долгорочна сигурност во индустријата. Секоја машина е произведена во согласност со највисоките индустриски стандарди, користејќи само докажани и висококвалитетни компоненти. Со посветеност на секој технички детал - од дизајн до конечно тестирање - гарантираме долг работен век и беспрекорно функционирање на машините. Досега, RADEK успешно инсталираше повеќе од 4.000 машини во Македонија и низ целиот балкански регион, поставувајќи нови стандарди за ефикасност, поддршка и доверба.

Детали

Спецификација

Работна површина2100x3000x200mm
Опционална работна површина2100х4000х200mm
Моќност на главен мотор6kW
Број на вртежи на главен мотор18.000rpm
Тип на ладење на главен моторВоздушно
Вид на мотори за движењеХибрид степ мотори
Moќност на моторите за движење86BHH114-500A-32E
Работна масаВакуум маса + алуминиумски шини
Моќност на вакум пумпа 7.5kW
Капацитет на вакуум пумпа530m³/h
Тип на ладење на вакуум пумпаВоздушно
Број на вакуум зониx8
Оперативен системRichauto
Брзина на обработка0-20m/min
Тип на чаура на главен моторER32
Дијаметар на прихват на чаура2-25mm
Димензии на машината3650x2900x2450
Тежина1650kg

ВИДЕО

PDF ДОКУМЕНТИ

СЕРВИСЕН ЦЕНТАР

Нашиот сервисен центар ги покрива сите фази – од монтажа, пуштање во работа, техничка поддршка и обука, до редовно одржување и итни интервенции. RADEK тимот го сочинуваат квалификувани инженери и техничари со долгогодишно искуство во индустријата за обработка на дрво и метал. Реагираме брзо, користиме исклучиво оригинални делови и сме на располагање на секој клиент – без разлика дали се работи за помала работилница или голем производствен погон.