social image
CO2 ЛАСЕР
RK-4040-PRO
ЦЕНА: 103.689 денари + 18% ддв.
ГАРАНЦИЈА: 1 ГОДИНA

ОПИС

Еден од врвните достигнувања во технологијата се CO2 ласерите кои се одликуваат со супериорен квалитет во обработката на различни материјали. Поради сигурноста во работењето и многу ниските трошоци за одржување, CO2 ласерите позитивно влијаат на економската страна на бизнисот. Ласерски зрак кој со помош на огледала и леќи ефективно го пренесува и фокусира зракот за успешно гравирање и сечење на различни материјали како дрво, мдф, шпер плоча, лесонит, плексиглас, кожа, картон, гума, мермер, огледало, обоени метали и друго. Широко се користат во различни индустрии како, индустриски производствени аплкации, мали и големи бизниси, занаетчии, индустрија за пакување, печатарска индустрија, индустрија за преработка на кожа, индустрија за облека, автомобилска индустрија, музички инструменти, архитектура, производство на етикети, медицинска индустрија и многу други.

RADEK е синоним за квалитет, прецизност и долгорочна сигурност во индустријата. Секоја машина е произведена во согласност со највисоките индустриски стандарди, користејќи само докажани и висококвалитетни компоненти. Со посветеност на секој технички детал - од дизајн до конечно тестирање - гарантираме долг работен век и беспрекорно функционирање на машините. Досега, RADEK успешно инсталираше повеќе од 4.000 машини во Македонија и низ целиот балкански регион, поставувајќи нови стандарди за ефикасност, поддршка и доверба.

Детали

Спецификација

Работна површина X-оска и Y-оска400x400mm
Работна површина Z-оска150mm
Моќност на ласерот50W
Брзина на гравирање1-400mm/s
Брзина на сечење1-400mm/s
ПозицонирањеЦрвена точка (RED DOT)
ЛадењеИндустриски чилер CW3000
Работна масаДвижечка платформа со Honeycomb
Линеарни водилки15mm (X-оска и Y-оска)
Мотор за движењеСтеп мотор 42
СофтверRdworks
КонтролерRuida 6445
Компресор за воздухВклучен
ВентилацијаВградена 38W
Дебелина на сечење1-20mm (во зависност од материјалот)
Точност на позиционирање≤0.01mm
Ротациона оскаОпционално
Димензии на машината900x750x420mm
Димензии на пакување1020x880x610mm
Тежина70kg

ВИДЕО

PDF ДОКУМЕНТИ

СЕРВИС

Сервис и техничка поддршка

РАДЕК има сопствен тим на сервисери опремени со најсовремени алати со цел брзо и ефикасно дијагностицирање и решавање на проблеми. Секогаш достапен да обезбеди брза и професионална услуга. Сервисот нуди и продажба на оригинални резервни делови.