social image
ДИХТ
RK-700M-ECO
   

ОПИС

Машина за рамнење по дебелина од економична серија со 700мм ширина на обработка. Компактни димензии идеални за мали работилници. Осовина со 4 сечила која овозможува брзина на обработка до 13m/min. Едноставна за користење, подесување и подмачкување. Препорачлива за обработка на помеки дрва.

RADEK е синоним за квалитет, прецизност и долгорочна сигурност во индустријата. Секоја машина е произведена во согласност со највисоките индустриски стандарди, користејќи само докажани и висококвалитетни компоненти. Со посветеност на секој технички детал - од дизајн до конечно тестирање - гарантираме долг работен век и беспрекорно функционирање на машините. Досега, RADEK успешно инсталираше повеќе од 4.000 машини во Македонија и низ целиот балкански регион, поставувајќи нови стандарди за ефикасност, поддршка и доверба.

Детали

Спецификација

Максимална ширина на обработка700mm
Максимална дебелина на обработка120mm
Минимална должина на обработка200mm
Минимална дебелина на обработка10mm
Максимална работна дебелина1-3mm
Брзина на обработка13.5m/min
Број на вртежи4500rpm
Број на сечила4 парчиња
Дијаметар на осовинаØ77mm
Моќност4kW
Димензии на машината1020х650х870mm
Димензии на пакување1070x660x950mm
Тежина215kg

ВИДЕО

PDF ДОКУМЕНТИ

СЕРВИСЕН ЦЕНТАР

Нашиот сервисен центар ги покрива сите фази – од монтажа, пуштање во работа, техничка поддршка и обука, до редовно одржување и итни интервенции. RADEK тимот го сочинуваат квалификувани инженери и техничари со долгогодишно искуство во индустријата за обработка на дрво и метал. Реагираме брзо, користиме исклучиво оригинални делови и сме на располагање на секој клиент – без разлика дали се работи за помала работилница или голем производствен погон.