Индустриски fiber laser од затворен тип со 6kW моќност, наменет за брзо, прецизно и високоефикасно сечење на метал без потреба од дополнителна обработка. Фибер ласер технологијата претставува најсовремен и најбрз начин на обработка на лимови, со значително поголема брзина и продуктивност во споредба со останатите технологии за сечење. Машината е опремена со MAX ласерски извор, RAYTOOLS ласерска глава, SHIMPO редуктори, SCHNEIDER серво мотори и електрични компоненти, HANLI индустриски чилер за ладење, интелигентен систем за вентилација и стабилизатор на напон. Затворената конструкција овозможува поголема безбедност, подобра контрола на прашина и чад, како и постабилни услови за работа во индустриско производство. Комбинација од висока моќност, стабилна конструкција и врвна опрема за максимални перформанси, прецизност и квалитет на сечење.
RADEK е синоним за квалитет, прецизност и долгорочна сигурност во индустријата. Секоја машина е произведена во согласност со највисоките индустриски стандарди, користејќи само докажани и висококвалитетни компоненти. Со посветеност на секој технички детал - од дизајн до конечно тестирање - гарантираме долг работен век и беспрекорно функционирање на машините. Досега, RADEK успешно инсталираше повеќе од 4.500 машини во Македонија и низ целиот балкански регион, поставувајќи нови стандарди за ефикасност, поддршка и доверба.