social image
МАКАЗА
RK10-320-PRO

ОПИС

Хидраулична маказа за сечење на челик, инокс и други материјали со висока прецизност. Се користи во различни индустрии како изработка на декоративни елементи, конструкции, урбана опрема, сталажи, вентилации и многу друго. Достапна со различен притисок во зависност од дебелината и должината на сечење. Врвен квалитет со 2 години фабричка гаранција. Опремена со компоненти од докажани реномирани брендови.

RADEK е синоним за квалитет, прецизност и долгорочна сигурност во индустријата. Секоја машина е произведена во согласност со највисоките индустриски стандарди, користејќи само докажани и висококвалитетни компоненти. Со посветеност на секој технички детал - од дизајн до конечно тестирање - гарантираме долг работен век и беспрекорно функционирање на машините. Досега, RADEK успешно инсталираше повеќе од 4.000 машини во Македонија и низ целиот балкански регион, поставувајќи нови стандарди за ефикасност, поддршка и доверба.

Детали

Спецификација

Максимална дебелина на сечење челик10mm
Максимална должина на сечење3200mm
Длабочина на грлото200mm
Агол на сечење1°30’
Брзина на сечење≥10 пати во минута
Димензии на сечило1100x3mm
Количина на сечила3(горе) + 3(доле)
Движење на задна оска20-600mm
Брзина на задна оска10.8m/min
Точност на задна оска±0.02mm
Должина на предни краци800mm
Количина на предни краци2
Количина на цилиндри за притисок15
Моќност на главен мотор11kW
Контролен системE21S
Димензии на машината3900x2100x1950mm
Димензии на пакување3860x2000x1700mm
Тежина7.5T

ВИДЕО

PDF ДОКУМЕНТИ

СЕРВИСЕН ЦЕНТАР

Нашиот сервисен центар ги покрива сите фази – од монтажа, пуштање во работа, техничка поддршка и обука, до редовно одржување и итни интервенции. RADEK тимот го сочинуваат квалификувани инженери и техничари со долгогодишно искуство во индустријата за обработка на дрво и метал. Реагираме брзо, користиме исклучиво оригинални делови и сме на располагање на секој клиент – без разлика дали се работи за помала работилница или голем производствен погон.