Хидраулична маказа за сечење на челик, инокс и други материјали со висока прецизност. Се користи во различни индустрии како изработка на декоративни елементи, конструкции, урбана опрема, сталажи, вентилации и многу друго. Достапна со различен притисок во зависност од дебелината и должината на сечење. Врвен квалитет со 2 години фабричка гаранција. Опремена со компоненти од докажани реномирани брендови.
RADEK е синоним за квалитет, прецизност и долгорочна сигурност во индустријата. Секоја машина е произведена во согласност со највисоките индустриски стандарди, користејќи само докажани и висококвалитетни компоненти. Со посветеност на секој технички детал - од дизајн до конечно тестирање - гарантираме долг работен век и беспрекорно функционирање на машините. Досега, RADEK успешно инсталираше повеќе од 4.000 машини во Македонија и низ целиот балкански регион, поставувајќи нови стандарди за ефикасност, поддршка и доверба.