Популарно Промоција
ДИЈАМАНТСКО ГЛОДАЛО СО КАРБИДНО ТЕЛО (12*12*25) Z1+1

ДИЈАМАНТСКО ГЛОДАЛО СО КАРБИДНО ТЕЛО (12*12*25) Z1+1

 

ЦЕНА: 1.000 денари
Цената е со вклучено ддв.

Нарачај

ШИФРА: 001700
Категорија: Спирални фрезери од цврст карбид за пластика
 

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
 
Дијаметар на глодало: Ø12mm
Дијаметар на дршка: Ø12mm
Должина на сечилата: 25mm
Вкупна должина: 45-60mm
Број на сечила: 2 (распоред 1+1)

 
 
ПРИМЕНА
 
Идеално за обработка на меламински плочи, иверица, мдф, хдф, хпл, композитни материјали, акрил и други ламинирани плочести материјали.

Опис на производот

ОПИС
 
Сечилата на глодалото се изработени од PCD (поликристален дијамант), поставени на карбидно тело (тело од волфрам-карбид). Дијамантските сечила овозможуваат исклучителна издржливост, отпорност на абење и прецизно сечење дури и при долготрајна работа. Ваквата комбинација е наменета за висококвалитетна обработка на материјали со абразивна структура, каде што класичните карбидни глодала брзо се трошат. Овој модел (1+1) има три горни и три долни сечила, што овозможува совршено чист рез без оштетување на горната и долната површина на материјалот. Затоа е особено погоден за цнц нестинг машини, цнц рутери и фини завршни операции.
 
 
ПРЕДНОСТИ
 
Исклучителен век на траење (до 20–30 пати подолг од класично карбидно глодало)
Совршена завршна обработка без потреба од доработка
Минимално загревање и отпор при сечење
Подобрена стабилност благодарение на карбидното тело
Може да се оштри од 3 до 5 пати со специјална дијамантска опрема
 
 
ОПШТО ПРЕПОРАЧАНИ ПАРАМЕТРИ (ВО ЗАВИСНОСТ ОД МАТЕРИЈАЛОТ И МАШИНАТА)
 
Број на вртежи: 18.000–24.000rpm
Работна брзина: 8–14m/min
Длабочина на сечење: 3–6mm од поминување
 
 
НАПОМЕНА
 
Редовното чистење на глодалото со специјален спреј за отстранување на смола и нечистотии значително го продолжува неговиот работен век и ја одржува прецизноста при сечењето. Слоевите од лепак, прашина и смола го зголемуваат триењето, ја покачуваат температурата при работа и може да доведат до прегревање или оштетување на сечилото. Исто така, поставувањето на несоодветни параметри (брзина на вртежи, несоодветно навлегување во материјалот и длабочина на обработка) во однос на материјалот што се обработува, може да предизвика кршење или оштетување на глодалото, нерамномерна обработка и вибрации, намалена прецизност и нечист финиш на површината.


 
ВИДЕО