Популарно Промоција
КАРБИДНО ПРАВО ГЛОДАЛО СО 2 СЕЧИЛА (10*10*35*75)

КАРБИДНО ПРАВО ГЛОДАЛО СО 2 СЕЧИЛА (10*10*35*75)

 

ЦЕНА: 1.000 денари
Цената е со вклучено ддв.

Нарачај

ШИФРА: 001724
Категорија: Спирални фрезери од цврст карбид за пластика
 

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
 
Дијаметар на глодало: Ø10mm
Дијаметар на дршка: Ø10mm
Должина на сечилата: 35mm
Вкупна должина: 75mm
Број на сечила: 2 (прави сечила)
 
ПРИМЕНА
 
Универзално глодало идеално за кроење, глодање, жлебање и фалцовање на мдф, иверица, хдф, хпл, масивно дрво, акрил, пластика и композити. Не се препорачува за фини завршни обработки – туку за основни и контурни резови.

Опис на производот

ОПИС
 
Ова глодало е изработено целосно од микрозрнест волфрам-карбид (solid carbide), со прави сечила кој овозможуваат агресивно, стабилно и рамномерно сечење со минимална вибрација. Поради високата прецизност и целосната карбидна структура, ова глодало е отпорно на абење, обезбедува долг век на употреба и стабилна форма на секот дури и по повеќе циклуси. Погодно за цнц нестинг, цнц рутер и цнц машински центри.
 
 
ПРЕДНОСТИ
 
Целосно карбидно тело за максимална издржливост
Две остри прави сечила за брзо отстранување материјалот
Одлична стабилност при прави сечења
Погодно за жлебови, отвори, фрезување на рабови и контури
Минимално загревање и вибрации
 
 
ОПШТО ПРЕПОРАЧАНИ ПАРАМЕТРИ (ВО ЗАВИСНОСТ ОД МАТЕРИЈАЛОТ И МАШИНАТА)
 
Број на вртежи: 16.000–22.000rpm
Работна брзина: 6–10m/min
Длабочина на сечење: 3–6mm од поминување
 
 
НАПОМЕНА
 
Редовното чистење на глодалото со специјален спреј за отстранување на смола и нечистотии значително го продолжува неговиот работен век и ја одржува прецизноста при сечењето. Слоевите од лепак, прашина и смола го зголемуваат триењето, ја покачуваат температурата при работа и може да доведат до прегревање или оштетување на сечилото. Исто така, поставувањето на несоодветни параметри (брзина на вртежи, несоодветно навлегување во материјалот и длабочина на обработка) во однос на материјалот што се обработува, може да предизвика кршење или оштетување на глодалото, нерамномерна обработка и вибрации, намалена прецизност и нечист финиш на површината.


 
ВИДЕО