Опис на производот
ОПИС
Ова глодало комбинира цврсто челично тело со прецизно залемени волфрам-карбидни врвови, што го прави издржливо и економично. Карбидните сечила имаат висока отпорност на топлина и абење, што овозможува долготрајна употреба при високи брзини на CNC и рачни рутери. Двете прави сечила обезбедуваат агресивно и стабилно сечење, без вибрации, и се погодни за рамно сечење и фалцови. Површината е заштитена со титаниумска (TiN) обвивка, што ја зголемува отпорноста на топлина и овозможува подолг век на работа.
ПРЕДНОСТИ
Волфрам-карбидни сечила за долг век на траење
Две прави сечила за стабилност и прецизен рез
Едноставно одржување и користење
Погодно за автоматски цнц и рачни машини
Одличен баланс меѓу цена, квалитет и трајност
ОПШТО ПРЕПОРАЧАНИ ПАРАМЕТРИ (ВО ЗАВИСНОСТ ОД МАТЕРИЈАЛОТ НА МАШИНАТА)
Број на вртежи: 16.000–22.000rpm
Работна брзина: 6–10m/min
Длабочина на сечење: 3–6mm од поминување
НАПОМЕНА
Редовното чистење на глодалото со специјален спреј за отстранување на смола и нечистотии значително го продолжува неговиот работен век и ја одржува прецизноста при сечењето. Слоевите од лепак, прашина и смола го зголемуваат триењето, ја покачуваат температурата при работа и може да доведат до прегревање или оштетување на сечилото. Исто така, поставувањето на несоодветни параметри (брзина на вртежи, несоодветно навлегување во материјалот и длабочина на обработка) во однос на материјалот што се обработува, може да предизвика кршење или оштетување на глодалото, нерамномерна обработка и вибрации, намалена прецизност и нечист финиш на површината.
ВИДЕО