Популарно Промоција
СПИРАЛНО КАРБИДНО ГЛОДАЛО СО КУГЛЕСТ ВРВ И ЗАШТИТНА ОБЛОГА (12*12*29*75 2T R6)

СПИРАЛНО КАРБИДНО ГЛОДАЛО СО КУГЛЕСТ ВРВ И ЗАШТИТНА ОБЛОГА (12*12*29*75 2T R6)

 

ЦЕНА: 1.000 денари
Цената е со вклучено ддв.

Нарачај

ШИФРА: 001762
Категорија: Спирални фрезери од цврст карбид за пластика
 

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
 
Дијаметар на глодало: Ø12mm
Дијаметар на дршка: Ø12mm
Должина на сечилата: 29mm
Вкупна должина: 75mm
Број на сечила: 2 (спирални сечила)
Радиус на врвот: R6 (6mm)
 
ПРИМЕНА
 
Идеално за обработка на масивно дрво, мдф, иверица, акрил, пластика, композити…

Опис на производот

ОПИС
 
Глодалото со заоблен врв е изработено целосно од микрозрнест волфрам-карбид, со висока цврстина и отпорност на абење. Неговата сферична форма (R6) овозможува мазно глодање на заоблени површини и 3D модели, без остри рабови. Двете спирални сечила овозможуваат рамномерна обработка и одлично исфрлање на струшката, што резултира со чиста и мазна површина. Одлично за изработка на 3Д панели, релјефни декоративни површини, резби, калапи и реклами. TiAlN премазот (Titanium Aluminium Nitride) го зголемува отпорот на топлина и абење, што значи дека глодалото може да работи при повисоки брзини без губење на острината.

ПРЕДНОСТИ
 
Сферичен врв за совршено мазна 3D површина
Целосно карбидно тело за голема стабилност и трајност
Две сечила за чиста обработка и стабилен рез
Намалени вибрации при сложени 3D обработки
Универзално применливо за дрво, пластика и алуминиум
 

ОПШТО ПРЕПОРАЧАНИ ПАРАМЕТРИ (ВО ЗАВИСНОСТ ОД МАТЕРИЈАЛОТ НА МАШИНАТА)
 
Број на вртежи: 18.000–24.000rpm
Работна брзина: 6–12m/min
Длабочина на сечење: 0.5–3mm од поминување
 
НАПОМЕНА
 
Редовното чистење на глодалото со специјален спреј за отстранување на смола и нечистотии значително го продолжува неговиот работен век и ја одржува прецизноста при сечењето. Слоевите од лепак, прашина и смола го зголемуваат триењето, ја покачуваат температурата при работа и може да доведат до прегревање или оштетување на сечилото. Исто така, поставувањето на несоодветни параметри (брзина на вртежи, несоодветно навлегување во материјалот и длабочина на обработка) во однос на материјалот што се обработува, може да предизвика кршење или оштетување на глодалото, нерамномерна обработка и вибрации, намалена прецизност и нечист финиш на површината.


ВИДЕО