Опис на производот
ОПИС
Универзално глодало со заоблен крај, идеално за декоративни фрезови и жлебови со заоблено дно, бработка на панели, фронтови и дрвени елементи, гравирање и 3D профилирање на CNC машини. Благодарение на PCD (дијамантски сечила), обезбедува чиста обработка без оштетени рабови, долготрајна оштрина и стабилност, можност за реострење со специјална опрема без губење на геометријата. Благодарение на своите дијамантски сечила со висока тврдина и отпорност, обезбедува совршено мазен раб без оштетување на површината, можност за обработка на различни материјали,
ПРЕДНОСТИ
Дијамантски (PCD) ножеви со ултра долг век
Совршен финиш без изгореници и оштетување
Минимално создавање на топлина
Може да се реоштри повеќепати без губење на точност
Идеално за сериско производство со висок интензитет
ОПШТО ПРЕПОРАЧАНИ ПАРАМЕТРИ (ВО ЗАВИСНОСТ ОД МАТЕРИЈАЛОТ И МАШИНАТА)
Број на вртежи: 18.000–22.000rpm
Работна брзина: 4–8m/min
НАПОМЕНА
Редовното чистење на глодалото со специјален спреј за отстранување на смола и нечистотии значително го продолжува неговиот работен век и ја одржува прецизноста при сечењето. Слоевите од лепак, прашина и смола го зголемуваат триењето, ја покачуваат температурата при работа и може да доведат до прегревање или оштетување на сечилото. Исто така, поставувањето на несоодветни параметри (брзина на вртежи, несоодветно навлегување во материјалот и длабочина на обработка) во однос на материјалот што се обработува, може да предизвика кршење или оштетување на глодалото, нерамномерна обработка и вибрации, намалена прецизност и нечист финиш на површината.
ВИДЕО