Опис на производот
ОПИС
Профилно дијамантско глодало дизајнирано за високопрецизна и долготрајна обработка на површини каде што се бара совршен раб и сјај. Благодарение на дијамантските сечила, овозможува до 10× подолг век од карбидните глодала и исклучително чиста површина без изгорени рабови. Одлично за MDF панели со фолија или лакирана површина, high-gloss и акрилни материјали, композити, HPL и ламинирани површини, фронтови и декоративни профили.
ПРЕДНОСТИ
До 20× подолг век на употреба од класичните TCT глодала
Минимални вибрации, стабилна работа и висока точност
Нема оштетување на рабовите при повеќекратно поминување
Може да се остри повеќепати без губење на профилот
Идеално за сериско производство и висок квалитет на финиш
ОПШТО ПРЕПОРАЧАНИ ПАРАМЕТРИ (ВО ЗАВИСНОСТ ОД МАТЕРИЈАЛОТ И МАШИНАТА)
Број на вртежи: 18.000–22.000rpm
Работна брзина: 6–12m/min
НАПОМЕНА
Редовното чистење на глодалото со специјален спреј за отстранување на смола и нечистотии значително го продолжува неговиот работен век и ја одржува прецизноста при сечењето. Слоевите од лепак, прашина и смола го зголемуваат триењето, ја покачуваат температурата при работа и може да доведат до прегревање или оштетување на сечилото. Исто така, поставувањето на несоодветни параметри (брзина на вртежи, несоодветно навлегување во материјалот и длабочина на обработка) во однос на материјалот што се обработува, може да предизвика кршење или оштетување на глодалото, нерамномерна обработка и вибрации, намалена прецизност и нечист финиш на површината.
ВИДЕО