Опис на производот
ОПИС
Кружната пила е изработена од индустриско челично тело, дизајнирана и ласерски балансирана за стабилна работа при високи оптоварувања. Опремена е со индустриски лемени дијамантски (PCD) сечила, кои обезбедуваат екстремна отпорност на абење и повеќекратно подолг работен век во споредба со класични карбидни сечила. Телото содржи експанзиони и антивибрациони отвори кои го намалуваат загревањето и бучавата при работа. TP геометријата на забите овозможува чист, остар и стабилен рез без кршење или оштетување на декоративниот слој, дури и при работа со најтврди индустриски материјали. Пилата е наменета за интензивна индустриска употреба и високи производствени капацитети.
ПРЕДНОСТИ
Дијамантски (PCD) сечила со екстремно долг работен век
До повеќекратно подолга трајност од TCT пили
Висока прецизност и чистина на рез
Одлични перформанси кај абразивни материјали
Намалени вибрации и бучава
Помало оптоварување на машината при долга работа
НАПОМЕНА / ОДРЖУВАЊЕ
За да се обезбеди максимален работен век и квалитет на рез, потребно е пилата редовно да се одржува и правилно да се користи. Се препорачува периодично чистење од насобран лепак, смола и индустриска прашина, бидејќи абразивните наслаги можат да влијаат врз квалитетот на резот и да предизвикаат дополнително загревање. Пилата задолжително треба да се користи со исправен и прецизно балансиран носач, со цел да се избегнат вибрации и нерамномерно трошење на дијамантските сечила. При работа мора строго да се почитува максималниот број на вртежи и да не се надминува дозволената граница. Острењето и сервисирањето треба да се врши исклучиво во специјализирани сервиси за PCD алати, со професионална CNC опрема, бидејќи дијамантските сечила бараат посебна технологија на обработка. Не се препорачува користење на пила со оштетени или искршени сечила, бидејќи тоа може да предизвика неквалитетен рез и дополнително оптоварување на машината. Пред секое стартување, потребно е да се изврши проверка на затегањето и правилната монтажа, со цел да се обезбеди безбедна и стабилна работа.
ВИДЕО