Опис на производот
ОПИС
Сечилата на глодалото се изработени од PCD (поликристален дијамант), поставени на карбидно тело (тело од волфрам-карбид). Дијамантските сечила овозможуваат исклучителна издржливост, отпорност на абење и прецизно сечење дури и при долготрајна работа. Ваквата комбинација е наменета за висококвалитетна обработка на материјали со абразивна структура, каде што класичните карбидни глодала брзо се трошат. Овој модел (3+3) има три горни и три долни сечила, што овозможува совршено чист рез без оштетување на горната и долната површина на материјалот. Затоа е особено погоден за цнц нестинг машини, цнц рутери и фини завршни операции.
ПРЕДНОСТИ
Исклучителен век на траење (до 20–30 пати подолг од класично карбидно глодало).
Совршена завршна обработка без потреба од доработка.
Минимално загревање и отпор при сечење.
Подобрена стабилност благодарение на карбидното тело.
Може да се оштри од 3 до 5 пати со специјална дијамантска опрема.
ПРЕПОРАЧАНИ ПАРАМЕТРИ (во зависност од материјалот и машината)
Број на вртежи: 18.000–24.000rpm
Работна брзина: 8–14m/min
Длабочина на сечење: 3–6mm од поминување
НАПОМЕНА
Редовното чистење на глодалото со специјален спреј за отстранување на смола и нечистотии значително го продолжува неговиот работен век и ја одржува прецизноста при сечењето. Слоевите од лепак, прашина и смола го зголемуваат триењето, ја покачуваат температурата при работа и може да доведат до прегревање или оштетување на сечилото. Исто така, поставувањето на несоодветни параметри (брзина на вртежи, несоодветно навлегување во материјалот и длабочина на обработка) во однос на материјалот што се обработува, може да предизвика кршење или оштетување на глодалото, нерамномерна обработка и вибрации, намалена прецизност и нечист финиш на површината.
ВИДЕО