Опис на производот
ОПИС
Ова спирално глодало е изработено целосно од микрозрнест волфрам-карбид (solid carbide), со специјално назабени сечила, дизајнирани за грубо глодање и брзо отстранување на материјал. Режењето се врши со висока ефикасност, при што назабените рабови го разбиваат отпадот (струшката) на ситни парчиња, спречувајќи прегревање и лепење на материјалот на алатот. Благодарение на геометријата со три сечила и назабен профил, ова глодало овозможува брза обработка со минимален отпор и долг работен век. Погодно за цнц нестинг, цнц рутер и цнц машински центри.
ПРЕДНОСТИ
Висока брзина на отстранување материјал
Специјални назабени сечила за раздробување на струшката
Намалено загревање и отпор при обработка
Целосно карбидно тело – отпорно на вибрации и абење
Идеално за прва фаза на обработка (rруба обработка)
ОПШТО ПРЕПОРАЧАНИ ПАРАМЕТРИ (ВО ЗАВИСНОСТ ОД МАТЕРИЈАЛОТ И МАШИНАТА)
Број на вртежи: 16.000–22.000rpm
Работна брзина: 8–14m/min
Длабочина на обработка: 4–8mm од поминување
НАПОМЕНА
Редовното чистење на глодалото со специјален спреј за отстранување на смола и нечистотии значително го продолжува неговиот работен век и ја одржува прецизноста при сечењето. Слоевите од лепак, прашина и смола го зголемуваат триењето, ја покачуваат температурата при работа и може да доведат до прегревање или оштетување на сечилото. Исто така, поставувањето на несоодветни параметри (брзина на вртежи, несоодветно навлегување во материјалот и длабочина на обработка) во однос на материјалот што се обработува, може да предизвика кршење или оштетување на глодалото, нерамномерна обработка и вибрации, намалена прецизност и нечист финиш на површината.
ВИДЕО