social image
AПКАНТ
RK165T-250-PRO

ОПИС

Хидраулична апкант преса за виткање на челик, инокс и други материјали која се користи во различни индустрии како изработка на декоративни елементи, конструкции, урбана опрема, сталажи, вентилации и многу друго. Достапна со различен притисок во зависност од дебелината и должината на виткање. Врвен квалитет со 2 години фабричка гаранција. Опремен со компоненти од докажани реномирани брендови на пазарот.

RADEK е синоним за квалитет, прецизност и долгорочна сигурност во индустријата. Секоја машина е произведена во согласност со највисоките индустриски стандарди, користејќи само докажани и висококвалитетни компоненти. Со посветеност на секој технички детал - од дизајн до конечно тестирање - гарантираме долг работен век и беспрекорно функционирање на машините. Досега, RADEK успешно инсталираше повеќе од 4.000 машини во Македонија и низ целиот балкански регион, поставувајќи нови стандарди за ефикасност, поддршка и доверба.

Детали

Спецификација

Моќност на притисок / виткање165T
Максимална дебелина на виткање челик10mm (на 2500mm должина)
Максимална дебелина на виткање инокс5mm (на 2500mm должина)
Максимална должина на виткање2500mm
Растојание помеѓу столбовите2000mm
Длабочина на грлото300mm
Ударно растојание160mm
Максимална висина на отворот390mm
Брзина на притискање8.4m/min
Брзина на задна оска7.2m/min
Работна брзина≈0-1m/min
Максимално растојание на задната оска500mm
Точност на аголот на виткање±50’
Моќност на главен мотор11kW
Контролен системE21
Димензии на машината2600x1550x2350mm
Димензии на пакување2850x1850x2400mm
Тежина7.5T

ВИДЕО

PDF ДОКУМЕНТИ

СЕРВИСЕН ЦЕНТАР

Нашиот сервисен центар ги покрива сите фази – од монтажа, пуштање во работа, техничка поддршка и обука, до редовно одржување и итни интервенции. RADEK тимот го сочинуваат квалификувани инженери и техничари со долгогодишно искуство во индустријата за обработка на дрво и метал. Реагираме брзо, користиме исклучиво оригинални делови и сме на располагање на секој клиент – без разлика дали се работи за помала работилница или голем производствен погон.