Покрај продажбата и сервисирањето на машини, во RADEK нудиме и услуга на изработка на професионални бизнис планови за вашите идни проекти и инвестиции.
Нашиот тим ќе ви помогне да изградите јасен и реален бизнис план, кој може да се користи за:
► Финансирање од банка или лизинг.
► Аплицирање на државни и европски грантови.
► Внатрешно планирање и развој на компанијата.
Што вклучува нашиот бизнис план:
► Детална анализа на инвестицијата.
► Проценка на исплатливост и рентабилност.
► План на работа и развој.
► Анализа на пазарот и конкурентноста.
► Финансиски проекции и поврат на инвестиција.
► Техничка спецификација на опремата.
Со нашата помош ќе добиете професионален и прилагоден документ, изработен според барањата на банките, инвеститорите или државните институции.
ТОП 5 БИЗНИС ИДЕИ КОИ 100% ФУНКЦИОНИРААТ
Во RADEK не продаваме само машини – ние помагаме клиентите да изградат вистински профитабилен бизнис. Според нашето искуство, овие 5 идеи се докажани како најисплатливи во регионот:
1️. Производство на мебел по мерка
Производство на мебел по мерка – Бизнис идеја што секогаш носи профит! Мебелот по мерка е еден од најпрофитабилните и најбарани производи во регионот. Купувачите денес сакаат решенија по нивни димензии и стил – а вие можете да им го понудите тоа со:
► Форматизер (RK-3200-PRO или RBS-3200-PREMIUM)
► Компактна кантерица (RK-5SM-COMPACT)
Откако ќе се стабилизирате, лесно проширете го производството со:
► CNC нестинг за кроење (RK-2128-PREMIUM)
► Индустриска кантерица (RK-5ALL-PREMIUM)
► CNC бушилица (RK-C7-PRO или RK-SS6-PREMIUM)
Со оваа опрема, ќе можете да изработувате:
► Кујни по мерка
► Плакари и гардеробери
► ТВ-комоди и клуб маси
► Канцелариски мебел
► Станбен и комерцијален мебел
Овој бизнис е идеален за постојан раст, со минимален ризик и стабилна побарувачка.
2️. Гравирање и сечење со CO2 ласер
Со CO2 ласер можете да започнете бизнис кој бара мала инвестиција, но нуди голема добивка. Работете со материјали како дрво, плексиглас, акрил, кожа и многу други.
Што можете да произведувате?
► Свадбени и роденденски декорации
► Поклони и персонализирани производи
► Сезонски и празнични украси
► Гравирани табли, ознаки и брендирани производи
► Сувенири и рекламни материјали
Зошто да започнете со CO2 ласер?
► Ниска цена на материјали
► Брзо производство и ниски трошоци
► Можност за уникатни и персонализирани производи
► Голем пазар – свадби, настани, подароци, маркетинг компании
Совршен бизнис за сите што сакаат креативна работа и работа по нарачка.
3️. Услужно кроење, кантирање и бушење
Профитабилна услужна дејност за столари и помали производители:
► CNC кројач за плочест материјал (RK-320-PREMIUM)
► Индустриска кантерица со голем капацитет (RK-5ALL-PREMIUM)
► CNC бушилица за доработка (RK-SS6-PREMIUM)
► CNC рутер за комплексни барања и доработки (RK-2128-PREMIUM)
Зошто ова е добар бизнис?
► Многу столари немаат сопствена опрема.
► Брза работа и стабилен профит.
► Може да работите со мали и големи клиенти.
► Бизнис што носи заработка од првиот месец.
Со оваа услуга, вие станувате клучен партнер на столарите во вашиот регион. Може да работите на материјал донесен од клиент или да продавате комплетно изработени елементи.
4️. Изработка на метални огради, декорации и вентилации.
Практичен бизнис со широка примена! Со правилна опрема и мал тим, можете да започнете производствен бизнис што опслужува градежништво, индустрија и домаќинства. Со фибер ласер или цнц плазма може да изработувате:
Што можете да произведувате?
► Метални и алуминиумски огради и порти
► Декоративни метални панели и фасади
► Индустриски вентилациски системи и лимени обвивки
► Рекламни конструкции, носачи и заштитни конструкции
► Производи по нарачка според проект или цртеж
Се работи со инокс, црн лим, алуминиум и друго.
5️. Услуги за сечење и виткање лим
Нудете професионални услуги за сечење и виткање на лим, со најсовремена опрема и брзи рокови на изработка.
► Фибер ласер или плазма машина (за сечење различни форми)
► Маказа (за сериско крајно сечење)
► Апкант (преса за виткање лим)
Може да работите на материјал донесен од клиент или да продавате комплетно изработени елементи.
6. Изработка на рекламни табли и 3D букви
Рекламите се потребни на секој бизнис, а вие можете да им ги понудите со мала инвестиција во CNC и ласерска технологија. Со оваа услуга ќе креирате производи кои се видливи, ефектни и секогаш барани.
► CNC рутер – за сечење дрво, PVC, композитни панели.
► CO2 ласер – за фино сечење и гравирање на плексиглас, акрил и други материјали.
► Фибер ласер – за метални букви и табли.
► Огромен пазар: продавници, ресторани, хотели, фирми
► Можност за уникатни, персонализирани решенија
► Производ со висока додадена вредност
► Брзо враќање на инвестицијата
Совршен бизнис за креативни луѓе и за оние кои сакаат работа со постојана побарувачка.
7. Гравирање на икони и релјефни слики со CNC рутер
Ова е специфична и профитабилна ниша, особено популарна во регионот. Со CNC рутер за 3D гравирање можете да изработувате:
► Икони и релјефни слики
► Црковни украси и орнаменти
► Уметнички панели од дрво или MDF
Ова е бизнис со висока додадена вредност, каде секое парче е уникатно, а пазарот постојано расте. Потребна е основна инвестиција во CNC рутер со 2D или 3D функција и обука за работа со софтвери за моделирање.
8. Производство на маси и мебел со епоксидна смола
Овој бизнис е идеален за креативни луѓе кои сакаат да создаваат уникатни производи. Со комбинација од дрво и епоксидна смола, можете да изработувате:
► Маси (трапезариски, кафе, канцелариски)
► Барови и кујнски плочи
► Полици и декоративни панели
Со употреба на CNC рутер за прецизно кроење, рамнење и обликување на дрвените плочи во комбинација со квалитетна епоксидна смола, лесно можете да започнете премиум бизнис со висока профитна маргина.
9. Производство на дрвени врати и прозори
Традиционален, но исклучително профитабилен бизнис – производство на дрвени врати и прозори. Побарувачката за квалитетна дрвена столарија останува стабилна на нашиот пазар но и во регионот.
За стартување на овој бизнис потребни се основни машини:
► Дихт (рамнење по дебелина)
► Абрихтер (рамнење по површина)
► Фреза (жлебување, фрезување)
► Машина за брусење (мазен финиш)
► Форматизер (кроење)
► Да произведувате стандардни и врати по мерка.
► Да изработувате прозори, рамки, и други столарски елементи.
► Да изработувате дрвени скали и внатрешни огради.
► Да комбинирате со CNC рутер за специјални облици и детали.
Плус: може да нудите и услуги на други столари за кроење, брусење и обработка. Овој бизнис нуди стабилен раст и висока профитабилност, особено при работа со премиум клиенти.
10. Производство на урбана опрема
Изработка на маси, клупи, перголи, канти за отпадоци, летниковци и друга урбана опрема – стабилен бизнис, особено во туристички региони и за угостителски објекти.
► Форматизер – за кроење плочи и даски.
► Фреза – за профилирање рабови и правење канали.
► Абрихтер и дихт – за рамнење и дебелинска обработка на дрвените елементи.
► Брусилка– за завршно брусење.
► CNC рутер (опционално) – за производство на комплексни облици, логотипи или декоративни елементи.
► Фибер ласер или плазма машина – за сечење на лим и метални елементи.
► Апкант (преса за виткање лим) – за виткање и формирање метални делови.
► Заварувачка опрема (MIG/MAG, TIG) – за склопување металните конструкции.