Дизајниран за висококвалитетно кроење со максимални перформанси и прецизност. Се издвојува од останатите цнц кројачи на пазарот по неговата масивна конструкција, моќност, врвни компоненти и константен квалитет во кроењето. Произведен под строги мерки за квалитет и издржливост што го прави одлична инвестиција за долг рок и зголемување на производството и ефикасноста во вашата компанија на едно повисоко ниво. Ќе го исполни секое Ваше барање со врвни перформанси, прецизност и капацитет и ќе ве остави без зборови во секој поглед, посетете не и уверете се сами во квалитетот на изработката и предностите на оваа машина.
RADEK е синоним за квалитет, прецизност и долгорочна сигурност во индустријата. Секоја машина е произведена во согласност со највисоките индустриски стандарди, користејќи само докажани и висококвалитетни компоненти. Со посветеност на секој технички детал - од дизајн до конечно тестирање - гарантираме долг работен век и беспрекорно функционирање на машините. Досега, RADEK успешно инсталираше повеќе од 4.000 машини во Македонија и низ целиот балкански регион, поставувајќи нови стандарди за ефикасност, поддршка и доверба.