social image
  
ЦНЦ РУТЕР
RK-609-eCO
ЦЕНА: 172.016 денари + 18% ддв.
 

ОПИС

Подобрете ги Вашите проекти за обработка на дрво и плочест материјал на едно повисоко ниво. ЦНЦ рутер за кроење, бушење и гравирање која ќе ги претвори Вашите идеи во реалност. Опремен со алуминиумска т-слот табла, сет мануелни стеги, мотор со водено ладење, пумпа за циркулирање на водата за ладење, степ мотори за движење, сет чаури и фрезери и оперативен систем NC studio.

RADEK е синоним за квалитет, прецизност и долгорочна сигурност во индустријата. Секоја машина е произведена во согласност со највисоките индустриски стандарди, користејќи само докажани и висококвалитетни компоненти. Со посветеност на секој технички детал - од дизајн до конечно тестирање - гарантираме долг работен век и беспрекорно функционирање на машините. Досега, RADEK успешно инсталираше повеќе од 4.000 машини во Македонија и низ целиот балкански регион, поставувајќи нови стандарди за ефикасност, поддршка и доверба.

Детали

Спецификација

Работна површина600x900x100mm
Моќност на главен мотор1.5kW
Број на вртежи на главен мотор24.000rpm
Тип на ладење на главен моторВодено
Вид на мотори за движењеСтеп мотори
Moќност на моторите за движење86BHH-400B-35
Работна масаАлуминумска т-слот маса
Оперативен системNC studio
Брзина на обработка0-3m/min
Тип на чаура на главен моторER11
Дијаметар на прихват на чаура1-7mm
Димензии на машината1304x1100x1500mm
Тежина250kg

ВИДЕО

PDF ДОКУМЕНТИ

СЕРВИСЕН ЦЕНТАР

Нашиот сервисен центар ги покрива сите фази – од монтажа, пуштање во работа, техничка поддршка и обука, до редовно одржување и итни интервенции. RADEK тимот го сочинуваат квалификувани инженери и техничари со долгогодишно искуство во индустријата за обработка на дрво и метал. Реагираме брзо, користиме исклучиво оригинални делови и сме на располагање на секој клиент – без разлика дали се работи за помала работилница или голем производствен погон.