social image
ФОРМАТИЗЕР
RBS-3200-PREMIUM

ОПИС

Форматизер од индустриска серија со премиум опрема, дизајниран за надолжно, попречно и аголно сечење на плочести материјали (мдф, иверица, шпер плочи, пластика...) како и за масивно дрво. Неопходна машина за сите мали, средни и индустриски производства. Опремена со моторизирано подесување на наклон и висина, прецизен подесувач за предрезач, преден фирунг со можност за издолжување, дигитален мерач за агол, заштитен премиум капак за отпрашување, помошен фирунг со агломер, заден фирунг со прецизен подесувач, систем за подмачкување, помошни маси со поголеми димензии од стандардните кројачи и систем за заклучување на лизгачката маса на повеќе позиции.

RADEK е синоним за квалитет, прецизност и долгорочна сигурност во индустријата. Секоја машина е произведена во согласност со највисоките индустриски стандарди, користејќи само докажани и висококвалитетни компоненти. Со посветеност на секој технички детал - од дизајн до конечно тестирање - гарантираме долг работен век и беспрекорно функционирање на машините. Досега, RADEK успешно инсталираше повеќе од 4.000 машини во Македонија и низ целиот балкански регион, поставувајќи нови стандарди за ефикасност, поддршка и доверба.

Детали

Спецификација

Моќност на главен мотор5.5kW
Моќност на предрезач1.1kW
Димензии на лизгачка маса3200x430mm
Дијаметар на главен нож305mm (400mm опционално)
Брзина на главен мотор3000/4000/5000rpm
Дијаметар на предрезач120mm
Брзина на предрезач 8800rpm
Дијаметар на осовина на главен нож30mm
Дијаметар на осовина на предрезач20mm
Растојание од нож до заден фирунг1200mm
Наклон на главен нож и предрезач45° – 90°
Димензии на машината3200x3150x900mm
Димензии на пакување2150x1250x980mm
3250x450x300mm
Тежина900kg

ВИДЕО

PDF ДОКУМЕНТИ

СЕРВИСЕН ЦЕНТАР

Нашиот сервисен центар ги покрива сите фази – од монтажа, пуштање во работа, техничка поддршка и обука, до редовно одржување и итни интервенции. RADEK тимот го сочинуваат квалификувани инженери и техничари со долгогодишно искуство во индустријата за обработка на дрво и метал. Реагираме брзо, користиме исклучиво оригинални делови и сме на располагање на секој клиент – без разлика дали се работи за помала работилница или голем производствен погон.