social image
КАНТЕРИЦА
RK-5all-premium

ОПИС

Машина за кантирање од премиум серијата на RADEK, опремена со многубројни функции за добивање на перфектен финиш на секое изработено парче. Идеална за индустрии кој сакаат да го подобрат производството и зголемат капацитетот на кантирањето со брзина до 23 метри во минута. Голем дисплеј на допир со автоматско подесување на дебелината на панелот. Цврста конструкција која овозможува стабилност и сигурност во работата. Додадена е дополнителна единица со преси (тркала) за да се елиминира можноста од помрднување на панелот при процесот на обработката.

RADEK е синоним за квалитет, прецизност и долгорочна сигурност во индустријата. Секоја машина е произведена во согласност со највисоките индустриски стандарди, користејќи само докажани и висококвалитетни компоненти. Со посветеност на секој технички детал - од дизајн до конечно тестирање - гарантираме долг работен век и беспрекорно функционирање на машините. Досега, RADEK успешно инсталираше повеќе од 4.000 машини во Македонија и низ целиот балкански регион, поставувајќи нови стандарди за ефикасност, поддршка и доверба.

Детали

Спецификација

Ширина на панелотминимум 80mm
Дебелина на панелот10-60mm
Дебелина на трака0.4-3mm
Брзина на обработка15-23m/min
Работен притисок6 bar
Моќност на предфрезери2.2kW (x2)
Моќност на крајно сечење0.37kW (x2)
Moќност на груби фрези0.75kW (x2)
Моќност на фини фрези0.75kW (x2)
Моќност на корнер фрези0.37kW (x2)
Моќност на полирки0.37kW (x2)
Moќност на транспортер4kW
Вкупна моќност16.5kW
Димензии на машината6600х1000х1600mm
Димензии на пакување6800х970х1800mm
Тежина2450kg

ВИДЕО

PDF ДОКУМЕНТИ

СЕРВИС

Нашиот сервисен центар ги покрива сите фази – од монтажа, пуштање во работа, техничка поддршка и обука, до редовно одржување и итни интервенции. RADEK тимот го сочинуваат квалификувани инженери и техничари со долгогодишно искуство во индустријата за обработка на дрво и метал. Реагираме брзо, користиме исклучиво оригинални делови и сме на располагање на секој клиент – без разлика дали се работи за помала работилница или голем производствен погон.