social image
ИНДУСТРИСКИ
АБРИХТЕР
rbs-600-premium

ОПИС

Индустриски абрихтер од премиум серијата на RADEK со спирална осовина која гарантира врвен мазен финиш за разлика од стандардните типови на осовини. Дополнителни придобивки на спиралната осовина се лесно променливите плочки (сечила) кој се користат од 4 страни, многу потивка и постабилна работа, при оштетување на сечилото потребно е само да промените една плочка (оштетената), многу подобра функционалност кога станува збор за чворови во дрвото и друго...

RADEK е синоним за квалитет, прецизност и долгорочна сигурност во индустријата. Секоја машина е произведена во согласност со највисоките индустриски стандарди, користејќи само докажани и висококвалитетни компоненти. Со посветеност на секој технички детал - од дизајн до конечно тестирање - гарантираме долг работен век и беспрекорно функционирање на машините. Досега, RADEK успешно инсталираше повеќе од 4.000 машини во Македонија и низ целиот балкански регион, поставувајќи нови стандарди за ефикасност, поддршка и доверба.

Детали

Спецификација

Максимална ширина на обработка600mm
Максимална дебелина на обработка5mm
Број на вртежи5000rpm
Број на сечила126 парчиња
Димензии на фирунгот1200x150mm
Наклон на фирунг90°-45°
Дијаметар на осовинаØ105mm
Моќност на моторот5.5kW
Вкупна должина на работната маса2500mm
Димензии на машината2500х1040x1050mm
Димензии на пакување2600x900x1000mm
Тежина770kg

ВИДЕО

PDF ДОКУМЕНТИ

СЕРВИСЕН ЦЕНТАР

Нашиот сервисен центар ги покрива сите фази – од монтажа, пуштање во работа, техничка поддршка и обука, до редовно одржување и итни интервенции. RADEK тимот го сочинуваат квалификувани инженери и техничари со долгогодишно искуство во индустријата за обработка на дрво и метал. Реагираме брзо, користиме исклучиво оригинални делови и сме на располагање на секој клиент – без разлика дали се работи за помала работилница или голем производствен погон.