social image
ИНДУСТРИСКИ
ДИХТ
rbs-630-premium

ОПИС

Индустриски дихт од премиум серијата на RADEK со спирална осовина која гарантира врвен мазен финиш за разлика од стандардните типови на осовини. Дополнителни придобивки на спиралната осовина се лесно променливите плочки (сечила) кој се користат од 4 страни, многу потивка и постабилна работа, при оштетување на сечилото потребно е само да промените една плочка (оштетената), многу подобра функционалност кога станува збор за чворови во дрвото и друго...

RADEK е синоним за квалитет, прецизност и долгорочна сигурност во индустријата. Секоја машина е произведена во согласност со највисоките индустриски стандарди, користејќи само докажани и висококвалитетни компоненти. Со посветеност на секој технички детал - од дизајн до конечно тестирање - гарантираме долг работен век и беспрекорно функционирање на машините. Досега, RADEK успешно инсталираше повеќе од 4.000 машини во Македонија и низ целиот балкански регион, поставувајќи нови стандарди за ефикасност, поддршка и доверба.

Детали

Спецификација

Максимална ширина на обработка630mm
Максимална дебелина на обработка200mm
Минимална должина на обработка220mm
Минимална дебелина на обработка10mm
Максимална работна дебелина1-3mm
Брзина на обработка6.5-9m/min
Број на вртежи5200rpm
Број на сечила138 парчиња
Дијаметар на осовинаØ105mm
Моќност7.5kW
Димензии на машината1500x1007x803mm
Димензии на пакување1100x750x1160mm
Тежина525kg

ВИДЕО

PDF ДОКУМЕНТИ

СЕРВИСЕН ЦЕНТАР

Нашиот сервисен центар ги покрива сите фази – од монтажа, пуштање во работа, техничка поддршка и обука, до редовно одржување и итни интервенции. RADEK тимот го сочинуваат квалификувани инженери и техничари со долгогодишно искуство во индустријата за обработка на дрво и метал. Реагираме брзо, користиме исклучиво оригинални делови и сме на располагање на секој клиент – без разлика дали се работи за помала работилница или голем производствен погон.