social image
МАШИНА ЗА КАНТИРАЊЕ
RK-5sm-compact+

ОПИС

Оваа машина за кантирање е развиена со компактен и функционален концепт, каде секој елемент е внимателно усогласен за да обезбеди висококвалитетен и прецизен завршеток на обработката. Конструкцијата и сите клучни компоненти се изработени со врвна точност. Интуитивниот touch-screen управувачки панел овозможува брза дијагностика – во случај на проблем, системот прикажува јасна информација за грешката и нуди насоки за нејзино ефикасно отстранување. Машината е наменета за мали, средни и индустриски производствени капацитети, а дополнителната операција за обработка на агли ја прави уште пофлексибилно и конкурентно решение во секојдневното производство.

RADEK е синоним за квалитет, прецизност и долгорочна сигурност во индустријата. Секоја машина е произведена во согласност со највисоките индустриски стандарди, користејќи само докажани и висококвалитетни компоненти. Со посветеност на секој технички детал - од дизајн до конечно тестирање - гарантираме долг работен век и беспрекорно функционирање на машините. Досега, RADEK успешно инсталираше повеќе од 4.000 машини во Македонија и низ целиот балкански регион, поставувајќи нови стандарди за ефикасност, поддршка и доверба.

Детали

Спецификација

Ширина на панелотминимум 80mm
Дебелина на панелот12-50mm
Дебелина на лента0.4-3mm
Должина на панелотминимум 70mm
Брзина на обработка8m/min
Работен притисок6 bar
Вкупна моќност6.9kW
Димензија на машината3667x1320x1585mm
Димензии на пакувањето3265x725x1448mm
Тежина945kg

ВИДЕО

PDF ДОКУМЕНТИ

СЕРВИСЕН ЦЕНТАР

Нашиот сервисен центар ги покрива сите фази – од монтажа, пуштање во работа, техничка поддршка и обука, до редовно одржување и итни интервенции. RADEK тимот го сочинуваат квалификувани инженери и техничари со долгогодишно искуство во индустријата за обработка на дрво и метал. Реагираме брзо, користиме исклучиво оригинални делови и сме на располагање на секој клиент – без разлика дали се работи за помала работилница или голем производствен погон.