Во RADEK, сервисот не е само дел од бизнисот – тоа е основата на нашиот успех. Како регионален лидер во продажбата, сервисирање и одржувањето на машини за обработка на дрво и метал, го создаваме секој контакт со клиентот врз основа на квалитет, доверба и професионализам.
Со повеќе од 4.000 успешно инсталирани и пуштени во работа машини, нашиот тим е еден од најискусните и најподготвените технички одделенија во регионот.
РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ – ГАРАНЦИЈА ЗА БРЗА ИНТЕРВЕНЦИЈА
Во RADEK знаеме дека секој застој чини. Затоа инвестиравме во голема залиха на резервни делови, која брои над 1.000 делови постојано достапни во нашите магацини во Скопје и Белград. Ова ни овозможува:
► Брза и ефикасна испорака на потребните делови.
► Минимизирање на времето на застој кај клиентите.
► Интервенции без чекање.
Дополнително, воспоставивме стратегиска соработка со партнерски компании од целиот регион, преку кои имаме пристап до резервни делови што моментално не се на лагер. Со оваа логистика:
► Брзо набавуваме специфични или поретки компоненти.
► Обезбедуваме максимално кратки рокови на испорака.
► Гарантираме поддршка дури и за постари или поретко користени машини.
Нашата залиха и регионалната соработка се гаранција дека секоја машина сервисирана од RADEK ќе биде повторно во функција во најкус
можен рок.
Покрај стандардната залиха на резервни делови и соработката со регионални партнери, во RADEK одиме чекор понатаму, произведуваме сопствени метални и пластични делови по нарачка. Благодарение на нашата технолошка опременост и експертиза, можеме:
► Да изработиме специјализирани резервни делови кои веќе не се достапни на пазарот.
► Да изработиме пластични или метални компоненти според цртеж, примерок или спецификација.
► Да понудиме брза изработка и замена на механички елементи.
Ова значи дека дури и во случаи кога резервниот дел не постои на пазарот, RADEK има решение. На овој начин обезбедуваме:
► Целосна техничка поддршка за постари машини.
► Брза реакција во ситуации кога класичните добавувачи не можат да испорачаат.
Со тоа сме сигурни дека секој клиент ќе добие решениe, без оглед на комплексноста на ситуацијата.
МОНТАЖА СО ВИСОКИ СТАНДАРДИ
Правилната монтажа е основа за беспрекорна работа. Во RADEK вложуваме максимално во прецизна инсталација и калибрација на секоја машина, со што обезбедуваме секоја машина да работи со максимална прецизност и сигурност.
Нашиот сервисен тим располага со:
► Прецизни инструмени за мерење на рамнини и геометрија на машините.
► Прецизни дигитални мерни инструменти за калибрација на алат и оски.
► Прецизни инструменти за мерење на вибрации и температурни нерамномерности.
► Прецизни инструменти за подесување на CNC управувачки системи.
► Прецизни инструменти за дијагностика и анализа на дефекти.
Секоја инсталирана или сервисирана машина од наша страна поминува низ детална калибрација, што обезбедува:
► Оптимално порамнување на работните оски.
► Совршена прецизност при сечење, бушење или гравирање.
► Долготрајност на алатите и компонентите.
Со користење на најсовремена технологија, нашите сервисери можат да детектираат и најситни отстапувања, и навремено да ги корегираат уште пред тие да станат проблем. Благодарение на ваквата опрема и експертизата на нашиот тим, секој клиент на RADEK добива машина подготвена за врвни резултати од првиот ден на работа.
ОБУКА ЗА КОРИСТЕЊЕ И ПРАВИЛНО ОДРЖУВАЊЕ НА МАШИНИТЕ
Во RADEK знаеме дека квалитетната обука е клучот за правилно користење и долгорочно функционирање на секоја машина. Затоа, секоја испорачана машина доаѓа со сеопфатна обука прилагодена на потребите на клиентот и нивото на искуство на операторите.
ОБУКА ЗА ПРАВИЛНО КОРИСТЕЊЕ
Нашите инструктори и инженери организираат практична обука на лице место во производствениот објект или салонот на RADEK. Операторите ќе научат:
► Правилно стартување и запирање на машината.
► Работа со контролниот панел и управувачките системи.
► Подготовка и поставување на материјалот.
► Контрола на алати и избор на соодветни режими на работа.
► Основно калибрирање и позиционирање.
Целта е операторите да ја разберат машината и да се чувствуваат сигурни во нејзиното користење уште од првиот ден.
Модерните CNC машини бараат вештини и во работата со софтвери за програмирање и управување. Затоа, нудиме обука за:
► Упатување во користење на софтверите за креирање на програми.
► Внесување, измена и оптимизација на работни параметри.
► Практична работа на компјутер и симулација на процесите.
► Анализа на грешки и решавање основни проблеми со софтверските алатки.
Операторите ќе научат како ефикасно да креираат програми и да работат продуктивно.
ОБУКА ЗА ПРАВИЛНО ОДРЖУВАЊЕ
За да се обезбеди долг животен век на секоја машина, одржувањето е клучно. Нашата обука ги покрива сите основи за:
► Дневно, неделно и месечно одржување.
► Чистење, подмачкување и проверка на клучни компоненти.
► Како да се детектираат рано евентуални проблеми.
► Правилно складирање и користење на алатите.
Со оваа обука, клиентите ќе избегнат непотребни дефекти и ќе ја продолжат работната ефикасност на машините.
Сите обуки се прилагодени на реалните потреби и опремата на клиентот. Дополнително, овозможуваме:
► Дополнителни обуки за нововработени оператори.
► Едукативни видеа преку нашиот YouTube канал.
► Online поддршка за сите прашања поврзани со користењето и одржувањето.
Во RADEK, се грижиме клиентот да знае како да работи правилно и безбедно – затоа што добро информиран клиент е задоволен клиент.
ПОСВЕТЕНИ НА ПРАВЕДНА УСЛУГА
Нашата мисија е јасна – продажба на врвни машини и долгорочна соработка. Затоа, сервисот го гледаме како алатка за градење доверба, а не како средство за профит. Ние наплаќаме фер и транспарентно – фокусирани сме на долгорочно задоволни клиенти, а не на краткорочна добивка преку прекумерно наплатени интервенции.
RADEK сервисот е достапен не само во гарантниот рок, туку и долги години потоа. Со нашиот контакт центар, секој сервисен повик се регистрира, се организира според итноста и се извршува координирано со нашата мобилна флота од целосно опремени возила.
КОНТАКТ ЦЕНТАР – ВАШАТА ПРВА ЛИНИЈА НА ПОДДРШКА
Нашиот контакт центар е повеќе од обичен телефонски сервис – тој е организиран и технички подготвен систем кој овозможува брза реакција и професионално следење на секоја ваша потреба.
При секој сервисен повик, барање за интервенција или техничка поддршка се:
► Евидентира и архивира во наш систем.
► Сортира според итноста, типот на интервенцијата и потребната експертиза.
► Доделува на соодветен сервисен тим, според техничката спецификација на машината и локацијата.
► Организира логистика, преку нашата мобилна флота од опремени возила.
На овој начин, гарантираме дека:
► Секој повик е обработен.
► Ниту еден клиент не е оставен без повратен одговор.
► Термините за интервенции се организираат брзо и ефикасно.
Преку контакт центарот овозможуваме:
► Онлајн и телефонска техничка поддршка.
► Пријавување дефекти и барања за сервис.
► Следење на статусот на вашето барање.
► Прецизно планирање и навремено доаѓање на техничарите.
Контакт центарот е тука за вас – брз, ефикасен и технички поткован.
ПОСТОЈАНА ЕДУКАЦИЈА И УСОВРШУВАЊЕ НА СЕРВИСНИОТ ТИМ
Во RADEK веруваме дека знаењето е основа за квалитетна услуга. Затоа, вложуваме континуирано во едукацијата и усовршувањето на нашиот сервисен тим. Нашите машински инженери, електро инженери и техничари редовно посетуваат:
► Обуки директно во фабриките од кои ги набавуваме машините.
► Технички семинари и обуки организирани од водечки светски производители.
► Внатрешни тренинзи во RADEK, каде се разменуваат искуства и се обработуваат најчестите технички предизвици.
Секој нов сервисер, пред да излезе на терен, поминува низ детална обука и практична едукација под надзор на искусни инженери. Само техничари кои ги исполнуваат нашите строги стандарди се испраќаат кај клиентите.
Технолошките иновации не запираат, и ние исто така. Секој член на тимот:
► Се обучува за нови модели и технологии веднаш по нивното појавување на пазарот.
► Ги следи најновите трендови во машинската индустрија.
► Ги усвојува најдобрите практики за сервисирање и одржување.
Со овој пристап, осигуруваме дека секоја сервисна интервенција или монтажа е извршена според највисоките европски и светски стандарди.
RADEK не гледа на едукацијата како трошок – туку како инвестиција во сигурноста и задоволството на нашите клиенти. Затоа, секоја наша машина е сервисирана од експерти кои знаат што прават.