Опис на производот
ОПИС
Ова профилно глодало е изработено со карбидни сечила, кои обезбедуваат одлична отпорност на абење и висока издржливост. Во споредба со стандардните глодала, карбидната верзија трае значително подолго, обезбедувајќи чисти и прецизни резови дури и при високи брзини. Идеално за заоблување и обликување на рабови, како и за декоративна финална обработка.
ПРЕДНОСТИ
Дијамантски (TCT) сечила со ултра-долг век на траење
Совршено мазен и чист раб без изгореници
Висока отпорност на топлина и абразија
Минимална потреба од одржување и повторно острење
Одлично се софпаѓа со сите типови на материјали
ОПШТО ПРЕПОРАЧАНИ ПАРАМЕТРИ (ВО ЗАВИСНОСТ ОД МАТЕРИЈАЛОТ И МАШИНАТА)
Број на вртежи: 16.000–20.000rpm
Работна брзина: 3–6m/min
НАПОМЕНА
Редовното чистење на глодалото со специјален спреј за отстранување на смола и нечистотии значително го продолжува неговиот работен век и ја одржува прецизноста при сечењето. Слоевите од лепак, прашина и смола го зголемуваат триењето, ја покачуваат температурата при работа и може да доведат до прегревање или оштетување на сечилото. Исто така, поставувањето на несоодветни параметри (брзина на вртежи, несоодветно навлегување во материјалот и длабочина на обработка) во однос на материјалот што се обработува, може да предизвика кршење или оштетување на глодалото, нерамномерна обработка и вибрации, намалена прецизност и нечист финиш на површината.
ВИДЕО