Опис на производот
ОПИС
Ова глодало е изработено од висококвалитетен волфрам карбид, кој овозможува стабилност и отпорност на абење. Специјално дизајнирано за фина обработка и профилирање на различни панели. Овозможува совршено чист раб без оштетување. Поради својата карбидна структура, овозможува висока прецизност и долг работен век при нормални брзини на сечење.
ПРЕДНОСТИ
Добар баланс помеѓу цена и издржливост.
Обезбедува рамномерен раб без изгореници или оштетувања, особено при CNC обработка со соодветно вакуум држење на материјалот.
Изработено од висококвалитетен волфрам карбид, кој овозможува стабилност и отпорност на абење.
Дизајнот со радиус R2 овозможува мека линија и естетска завршница.
ОПШТО ПРЕПОРАЧАНИ ПАРАМЕТРИ (ВО ЗАВИСНОСТ ОД МАТЕРИЈАЛОТ И МАШИНАТА)
Број на вртежи: 18.000–24.000rpm
Работна брзина: 3–6m/min
НАПОМЕНА
Редовното чистење на глодалото со специјален спреј за отстранување на смола и нечистотии значително го продолжува неговиот работен век и ја одржува прецизноста при сечењето. Слоевите од лепак, прашина и смола го зголемуваат триењето, ја покачуваат температурата при работа и може да доведат до прегревање или оштетување на сечилото. Исто така, поставувањето на несоодветни параметри (брзина на вртежи, несоодветно навлегување во материјалот и длабочина на обработка) во однос на материјалот што се обработува, може да предизвика кршење или оштетување на глодалото, нерамномерна обработка и вибрации, намалена прецизност и нечист финиш на површината.
ВИДЕО