Опис на производот
ОПИС
Ова TCT профилно CNC глодало е дизајнирано за универзална употреба во обработка на дрво, MDF, иверица, фурнирани и лакирани панели.Сечивата од волфрам-карбид овозможуваат добра острина, долготрајност и стабилност при високи брзини. Се користи за профилирање, заоблување, рабна и декоративна обработка, со можност за повторно острење без промена на геометријата.
ПРЕДНОСТИ
Одличен сооднос цена – трајност
Подеднакво ефикасно на CNC машини и класични фрези
Може да се остри повеќе пати
Отпорно на топлина и вибрации
Овозможува чист раб дури и при висока брзина
ОПШТО ПРЕПОРАЧАНИ ПАРАМЕТРИ (ВО ЗАВИСНОСТ ОД МАТЕРИЈАЛОТ И МАШИНАТА)
Број на вртежи: 16.000–20.000rpm
Работна брзина: 3–6m/min
НАПОМЕНА
Редовното чистење на глодалото со специјален спреј за отстранување на смола и нечистотии значително го продолжува неговиот работен век и ја одржува прецизноста при сечењето. Слоевите од лепак, прашина и смола го зголемуваат триењето, ја покачуваат температурата при работа и може да доведат до прегревање или оштетување на сечилото. Исто така, поставувањето на несоодветни параметри (брзина на вртежи, несоодветно навлегување во материјалот и длабочина на обработка) во однос на материјалот што се обработува, може да предизвика кршење или оштетување на глодалото, нерамномерна обработка и вибрации, намалена прецизност и нечист финиш на површината.
ВИДЕО