Опис на производот
ОПИС
Ова TCT профилно глодало е дизајнирано за универзална примена во дрвната индустрија. Погодно е за профилирање, заоблување и рабна обработка кај дрво, мдф, иверица, фурнирани панели и слични материјали. Сечилата од волфрам-карбидна легура обезбедуваат висока цврстина и стабилност, со можност за повторно острење без губење на формата.
ПРЕДНОСТИ
Долготрајно и отпорно на абење и топлина
Може да се остри повеќепати
Погодно за CNC рутери и фрези
Чист и прецизен раб дури и при висока брзина
Најдобар избор за секојдневна производна употреба
ОПШТО ПРЕПОРАЧАНИ ПАРАМЕТРИ (ВО ЗАВИСНОСТ ОД МАТЕРИЈАЛОТ И МАШИНАТА)
Број на вртежи: 16.000–20.000rpm
Работна брзина: 3–6m/min
НАПОМЕНА
Редовното чистење на глодалото со специјален спреј за отстранување на смола и нечистотии значително го продолжува неговиот работен век и ја одржува прецизноста при сечењето. Слоевите од лепак, прашина и смола го зголемуваат триењето, ја покачуваат температурата при работа и може да доведат до прегревање или оштетување на сечилото. Исто така, поставувањето на несоодветни параметри (брзина на вртежи, несоодветно навлегување во материјалот и длабочина на обработка) во однос на материјалот што се обработува, може да предизвика кршење или оштетување на глодалото, нерамномерна обработка и вибрации, намалена прецизност и нечист финиш на површината.
ВИДЕО