Опис на производот
ОПИС
Ова профилно глодало е изработено со поликристални дијамантски сечила, кои овозможуваат исклучителна острина и отпорност на абење. Во споредба со класичните карбидни глодала, PCD верзијата трае 10–20 пати подолго, обезбедувајќи совршено чист рез и мазна површина дури и при високи брзини. Одлично за заоблување и обликување на рабови, декоративна финална обработка на врати и друго.
ПРЕДНОСТИ
Дијамантски (PCD) сечила со ултра-долг век на траење
Совршено мазен и чист раб без изгореници
Висока отпорност на топлина и абразија
Минимална потреба од одржување и повторно острење
Одлично се софпаѓа со сите типови на материјали
ОПШТО ПРЕПОРАЧАНИ ПАРАМЕТРИ (ВО ЗАВИСНОСТ ОД МАТЕРИЈАЛОТ И МАШИНАТА)
Број на вртежи: 18.000–24.000rpm
Работна брзина: 4–10m/min
НАПОМЕНА
Редовното чистење на глодалото со специјален спреј за отстранување на смола и нечистотии значително го продолжува неговиот работен век и ја одржува прецизноста при сечењето. Слоевите од лепак, прашина и смола го зголемуваат триењето, ја покачуваат температурата при работа и може да доведат до прегревање или оштетување на сечилото. Исто така, поставувањето на несоодветни параметри (брзина на вртежи, несоодветно навлегување во материјалот и длабочина на обработка) во однос на материјалот што се обработува, може да предизвика кршење или оштетување на глодалото, нерамномерна обработка и вибрации, намалена прецизност и нечист финиш на површината.
ВИДЕО