Опис на производот
ОПИС
Ова професионално PCD профилно глодало е специјално дизајнирано за фина обработка и профилирање на различни панели. Благодарение на дијамантската структура на сечилото, овозможува исклучително долг работен век, совршено чист раб без изгореници или оштетување на површината и минимално абење дури и при интензивна употреба. Не се препорачува за масивно дрво поради нерамномерност на структурата (можно оштетување на рабовите).
ПРЕДНОСТИ
Висока отпорност на топлина и триење, што овозможува континуирана работа на високи брзини
Прецизно балансирано тело за елиминирање на вибрации и зголемена точност при обработката
Идеално за финална CNC обработка каде што е потребна совршена завршна површина
Долготрајно сечило со до 20 пати поголема издржливост во споредба со класичните карбидни глодала.Погодно за автоматски линии и цнц машински центри за континуирано профилирање
ОПШТО ПРЕПОРАЧАНИ ПАРАМЕТРИ (ВО ЗАВИСНОСТ ОД МАТЕРИЈАЛОТ И МАШИНАТА)
Број на вртежи: 18.000–24.000rpm
Работна брзина: 3–6m/min
НАПОМЕНА
Редовното чистење на глодалото со специјален спреј за отстранување на смола и нечистотии значително го продолжува неговиот работен век и ја одржува прецизноста при сечењето. Слоевите од лепак, прашина и смола го зголемуваат триењето, ја покачуваат температурата при работа и може да доведат до прегревање или оштетување на сечилото. Исто така, поставувањето на несоодветни параметри (брзина на вртежи, несоодветно навлегување во материјалот и длабочина на обработка) во однос на материјалот што се обработува, може да предизвика кршење или оштетување на глодалото, нерамномерна обработка и вибрации, намалена прецизност и нечист финиш на површината.
ВИДЕО