Опис на производот
ОПИС
Ова PCD профилно глодало се користи за комплетно формирање на симетричен профил. Сечилата се изработени од PCD дијамант, што овозможува ултра чиста површина, без оштетување на премазот. Најчесто се користи во сериско производство на врати, фасадни панели и декоративни елементи, каде е потребна прецизност и долготрајност.
Долготрајност до 20 пати поголема од TCT глодала
Нема прегревање, нема „изгорени рабови“
Совршено чист раб без дополнителна доработка
Минимални вибрации, стабилност и висока точност
Може да се остри повеќепати со специјализирана опрема
ОПШТО ПРЕПОРАЧАНИ ПАРАМЕТРИ (ВО ЗАВИСНОСТ ОД МАТЕРИЈАЛОТ И МАШИНАТА)
Број на вртежи: 18.000–22.000rpm
Работна брзина: 3–8m/min
НАПОМЕНА
Редовното чистење на глодалото со специјален спреј за отстранување на смола и нечистотии значително го продолжува неговиот работен век и ја одржува прецизноста при сечењето. Слоевите од лепак, прашина и смола го зголемуваат триењето, ја покачуваат температурата при работа и може да доведат до прегревање или оштетување на сечилото. Исто така, поставувањето на несоодветни параметри (брзина на вртежи, несоодветно навлегување во материјалот и длабочина на обработка) во однос на материјалот што се обработува, може да предизвика кршење или оштетување на глодалото, нерамномерна обработка и вибрации, намалена прецизност и нечист финиш на површината.
ВИДЕО