Опис на производот
ОПИС
Ова PCD дијамантско профилно глодало со радиус R1.5 е изработено за високопрецизна CNC обработка со долг век на траење. PCD сечилата овозможуваат совршено мазна обработка, без оштетување на површината или изгореници, дури и кај чувствителни материјали како акрил, ламинат или фурнирани панели. Поради својот заоблен профил (R1.5), се користи за мебелски рабови, декоративни детали, врати и работни плочи.
ПРЕДНОСТИ
До 20 пати подолг век на траење од TCT глодалата
Совршено чист раб без потреба од дополнителна доработка
Отпорно на топлина, триење и прашина
Минимални вибрации и висока стабилност при големи брзини
Можност за повторно острење со специјална PCD опрема
ОПШТО ПРЕПОРАЧАНИ ПАРАМЕТРИ (ВО ЗАВИСНОСТ ОД МАТЕРИЈАЛОТ И МАШИНАТА)
Број на вртежи: 18.000–22.000rpm
Работна брзина: 3–8m/min
НАПОМЕНА
Редовното чистење на глодалото со специјален спреј за отстранување на смола и нечистотии значително го продолжува неговиот работен век и ја одржува прецизноста при сечењето. Слоевите од лепак, прашина и смола го зголемуваат триењето, ја покачуваат температурата при работа и може да доведат до прегревање или оштетување на сечилото. Исто така, поставувањето на несоодветни параметри (брзина на вртежи, несоодветно навлегување во материјалот и длабочина на обработка) во однос на материјалот што се обработува, може да предизвика кршење или оштетување на глодалото, нерамномерна обработка и вибрации, намалена прецизност и нечист финиш на површината.
ВИДЕО