Опис на производот
ОПИС
Ова дијамантско профилно глодало е создадено за високопрецизна CNC обработка на рабови и профили кај панели со тврда и композитна структура. Наменето е за материјали со површински премаз, каде што е потребен совршено чист и мазен раб без оштетување или изгореници. Благодарение на дијамантската структура, глодалото овозможува исклучителна издржливост и конзистентност во квалитетот на обработка, дури и по долго и масовно користење. Не се препорачува за масивно дрво поради нерамномерност на структурата (можно оштетување на рабовите).
ПРЕДНОСТИ
Дијамантски сечила со многу висок степен на тврдина и отпорност на абење.
Идеално за сериско профилирање и доработка на панели во индустриска примена.
Совршено балансирано тело за намалена вибрација и стабилност при големи обртаи.
Висока отпорност на топлина – не ја менува бојата или текстурата на материјалот.
Работи беспрекорно на автоматски CNC машини со системи за профилирање или рачна фреза.
ОПШТО ПРЕПОРАЧАНИ ПАРАМЕТРИ (ВО ЗАВИСНОСТ ОД МАТЕРИЈАЛОТ И МАШИНАТА)
Број на вртежи: 18.000–22.000rpm
Работна брзина: 3–6m/min
НАПОМЕНА
Редовното чистење на глодалото со специјален спреј за отстранување на смола и нечистотии значително го продолжува неговиот работен век и ја одржува прецизноста при сечењето. Слоевите од лепак, прашина и смола го зголемуваат триењето, ја покачуваат температурата при работа и може да доведат до прегревање или оштетување на сечилото. Исто така, поставувањето на несоодветни параметри (брзина на вртежи, несоодветно навлегување во материјалот и длабочина на обработка) во однос на материјалот што се обработува, може да предизвика кршење или оштетување на глодалото, нерамномерна обработка и вибрации, намалена прецизност и нечист финиш на површината.
ВИДЕО